КОНКУРС за запишување на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на Армијата на Република Македонија

СТАНЕТЕ ОФИЦЕРИ ВО АРМИЈАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Ги повикуваме сите млади на возраст до 28 години, со завршен прв циклус на студии по: медицински науки и здравство – општа медицина, машинство, електротехника, електроника и автоматика, енергетика, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, хемиско инженерство,  хемиска технологија, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија, сообраќај и транспорт, ПМФ (хемија или информатика), економски науки или правни науки, заинтересирани за кариера во Армијата на Република Македонија, да се пријават на Конкурсот кој го распишува Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје. Избраните кандидати ќе бидат пратени на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на АРМ во времетраење од 6 месеци, по што слушателите кои со успех го завршиле процесот, ќе бидат произведени во чин потпоручник/поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во Министерството за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на Република Македонија.

 Сите детали за конкурсот, условите и процедурата можете да ги најдете во конкурсот објавен во продолжение.

  
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ВОЕНА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – Скопје

Врз основа на член 25 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје (во понатамошниот текст Академијата) распишува

КОНКУРС
за запишување на лица за стручно оспособување и
усовршување со завршен прв циклус на студии за потребите на 
Армијата на Република Македонија

Академијата распишува конкурс за запишување на 30 (триесет) лица на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите Армијата на Република Македонија.
Стручното оспособување и усовршување е со времетраење од 6 (шест) месеци.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
На конкурсот може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат општите и посебните услови и тоа:

ОПШТИ УСЛОВИ
-          да се државјани на Република Македонија;
-          да имаат завршено прв циклус на студии во следниве научни подрачја и полиња: медицински науки и здравство (општа медицина), техничко-технолошки науки (машинство, електротехника, електроника и автоматика, енергетика, компјутерска техника и информатика, телекомуникационо инженерство, хемиско инженерство,  хемиска технологија, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија или сообраќај и транспорт), природно-математички науки (хемија или информатика) или општествени науки (економски науки или правни науки);
-          да не се постари од 28 (дваесет и осум) години;
-          да се психофизички способни;
-          да имаат познавање на англиски јазик.

ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
-        да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
-        да ги исполнуваат безбедносните критериуми предвидени со Законот за класифицирани информации, што утврдува надлежен орган во министерството за одбрана.
-        за техничка служба, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во следните научни полиња: машинство; хемиско инженерство; хемиска технологија; електротехника; електроника и автоматика; енергетика; компјутерска техника и информатика; телекомуникационо инженерство или да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје природно-математички науки во следните научни полиња: хемија или информатика;
-        за интендантска служба, кандидатите да имаат завршено  прв циклус на студии во научно подрачје општествени науки во научно поле економски науки или да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во следните научни полиња: технологија на прехранбени производи или текстилна технологија;
-        за санитетска служба, кандидатите да имаат завршено  прв циклус на студии во научно подрачје медицински науки и здравство – општа медицина;
-        за сообраќајна служба, кандидатите да имаат завршено  прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во научно поле сообраќај и транспорт;
-        за правна служба, кандидатите да имаат да имаа завршено  прв циклус на студии во научното подрачје општествени науки во научно поле правни науки и
-        за логистика, кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје техничко-технолошки науки во следните научни полиња: машинство; хемиско инженерство; хемиска технологија; електротехника; електроника и автоматика; енергетика; компјутерска техника и информатика; телекомуникационо инженерство; сообраќај и транспорт или прв циклус на студии во научно подрачје природно-математички науки во следните научни полиња: хемија или информатика или кандидатите да имаат завршено прв циклус на студии во научно подрачје општествени науки во научно поле економски науки.
Право на учество на конкурсот имаат и кандидатите државјани на Република Македонија кои првиот циклус на студии го завршиле во странство.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР И ЗАПИШУВАЊЕ

При изборот, покрај општите и посебните услови, при почетното рангирање, во предвид ќе се земат општиот успех на кандидатите од првиот циклус на студии, проверка на познавање на англиски јазик, резултатите од проверката на физичката подготвеност и резултати од интервјуто.
При приемот на лица за стручно оспособување и усовршување со завршен прв циклус на студии, ќе се почитува принципот на соодветна и правична застапеност на заедниците.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Конкурсот го спроведуваат Конкурсна комисија што ја формира деканот на Академијата.
Психофизичката способност се утврдува од военолекарска комисија.
По добивањето на резултатите, кандидатите кои се оценети како психофизички способни се упатуваат на проверка на физичка подготвеност.
Проверката на физичка подготвеност се врши според Тест програмата за проверка за физичката подготвеност објавена на веб страната на Министерството за одбрана и Академијата. линк: http://www.ma.edu.mk/?page_id=172
Проверката за психофизичка способност и проверката за физичка подготвеност имаат елиминаторен карактер.
Кандидатите кои ќе ја поминат проверката на физичката подготвеност се упатуваат на проверка на познавање на англиски јазик и на интервју кое го спроведура Конкурсната комисија.
Проверката на познавање на англиски јазик се врши според ALCPT тест (http://www.dlielc.edu/testing/alcpt_test.php).

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ ПРИ ПОЧЕТНОТО РАНГИРАЊЕ

Вреднувањето на општиот успех и успехот постигнат на проверката на физичката подготвеност се изразува во поени.
Максимален број на поени што кандидатот може да ги освои од општиот успех, проверката на физичка подготвеност, познавање на англиски јазик и на интервјуто изнесува 100 поени и тоа: општиот успех постигнат за време на првиот циклус на студии учествува со најмногу 40 поени, проверката на познавање на англиски јазик, проверката на физичка подготвеност и интервјуто поединечно учествуваат со најмногу 20 поени.
При проверките кандидатите треба да имаат документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).
Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија.
Во рок од 24 часа по реализацијата на интервјуто, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/ почетна прелиминарна ранг листа на добиените резултати за кандидатите.
Во почетна прелиминарна ранг листата се истакнуваат поените од општиот успех на кандидатите постигнат за време на првиот циклус на студии,  поените од проверката на познавање на англиски јазик, поените од проверката на физичката подготвеност, поените од интервјуто  и вкупниот број на поени, за секој кандидат.
Кандидатот има право на приговор до Деканатската управата на Академијата преку конкурсната комисија, во рок од 24 часа од објавувањето на прелиминарната ранг листа.
Одлуките по приговорите се објавуваат на огласна табла и веб страната на Академијата http://www.ma.edu.mk/, во рок од 24 часа од истекувањето на рокот за поднесување на приговори.
Одлуката на Управата на Академијата по приговорот е конечна.
Прелиминарната ранг листа станува конечна по истекувањето на рокот за поднесување на приговор.

РОКОВИ

Заинтересираните кандидати за упис на стручно оспособување и усовршување за офицери за службите на Академијата можат да ги достават потребните документи за пријавување од денот на објавувањето на конкурсот до 22 февруари 2019 година.
По утврдување на пријавните листи, само пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани да го започнат процесот на селекција.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ
Кандидатите кои конкурираат на Конкурсот треба да ги поднесат следниве документи:

  • пријава (пополнет формулар кој се добива во деловодство на Академијата или на веб страната на Академијата) линк: http://www.ma.edu.mk/?page_id=172
  • диплома и додаток на диплома или уверение за завршен прв циклус на студии за кандидатите на кои до денот на објавување на конкурсот не им е издадедена диплома, односно нострифицирана диплома за кандидатите кои дипломирале во странство;
  • уверение за државјанство;
  • извод од матичната книга на родени;
  • уверение од надлежен суд за неизречена мерка – забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • кратка биографија (CV).

Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Академијата или по пошта на адреса ул. ,,Васко Карангелески“ бб во Скопје.

 ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите кои се примени на Конкурсот за стручно оспособување и усовршување се стекнуваат со статус на слушател. Посебните права и обврски на слушателите ќе бидат уредени со договор.
По завршување на стручното оспособување и усовршување,  слушателите  се произведуваат во чин потпоручник/поручник во соодветната служба и стапуваат на работа во министерството за одбрана, во согласно со актот за систематизација во министерството и актот за формацијата на Армијата на Република Македонија.

Со почит,
ВОЕНА АКАДЕМИЈА

Напомена: Објавен на ден 08.02.2019 година во дневните весници „Слободен печат“ и „Коха“.