Конкурс за избор на наставник и соработници на Воената академија во Скопје

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр.82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставник и соработници на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК и СОРАБОТНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА и ОБЛАСТИ

1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 508.ПРАВНИ НАУКИ, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 50814. „УСТАВНО ПРАВО“ И 50818. „ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ“ − еден (1) извршител;

2. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5 ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 504 КИНЕЗИОЛОГИЈА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 50400. ,,ФУНДАМЕНТАЛНА КИНЕЗИОЛОГИЈА (БИОМЕХАНИКА, ПСИХОМОТОРИКА, ФИЗИОЛОГИЈА, ДРУГО)“, 50401. ,,ПРИМЕНЕТА КИНЕЗИОЛОГИЈА (СПОРТ, ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ, РЕКРЕАЦИЈА, КИНЕЗИТЕРАПИЈА, ДРУГО)“ И 50403. ,,СПЕЦИЈАЛНО ФИЗИЧКО ВЕЖБАЊЕ И СПОРТ” − еден (1) извршител;

3. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 212. КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 21200. „АРХИТЕКТУРА НА СМЕТАЧКИ СИСТЕМИ“, 21202. „ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ“ И 21205. „ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И СИСТЕМИ“ – еден (1) извршител;

4. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 212. КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 21202. „ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ“ И НАУЧНО ПОЛЕ: 224. ТЕЛЕКОМУНИКАЦИОНО ИНЖИНЕРСТВО, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 22401. „АНТЕНИ И ПРОСТИРАЊЕ НА БРАНОВИ“ И 22403. „РАДИОКОМУНИКАЦИЈА“- еден (1) извршител;

5. ИЗБОР НА СОРАБОТНИЦИ ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 515. ОДБРАНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: 51511. „ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ“ –  двајца (2) извршители.

6. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 515. ОДБРАНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: 51511. „ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ“ – еден (1) извршител.

7. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 515. ОДБРАНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: 51511. „ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ“ – еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следнитеуслови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

- да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

2. Кандидатите за избор во соработничко звање на Воената академија треба :

- да имаат завршено втор циклус (магистер) во научната област за која се врши изборот;

- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 170 од Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје;

3. Дополнителни критериуми за избор на кандидати за точка 2:

- да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

4. Дополнителни критериуми за избор на кандидати за точка 5:

- завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет.

- трупна служба од најмалку 5 години;

5. Дополнителни критериуми за избор на кандидати за точка 6:

- завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет и завршена специјализација за командни и штабни должности во земјата или во странство;

- курс за штабни должности во баталјон и повисоко;

- трупна служба од најмалку 4 години (ниво командир на чета или штабна должност во баталјон);

6. Дополнителни критериуми за избор на кандидати за точка 7:

- завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет и завршена специјализација за командни и штабни должности во земјата или во странство;

- трупна служба од најмалку 5 години;

- соработнички или наставнички стаж од најмалку 2 години.

III. Кандидатите за избор во наставно-научно и соработничко звање треба да ги достават следните документи:

- пријава по конкурс;

- краткабиографија (печатена и електронска);

- диплома за завршено соодветно образование (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверен кај нотар);

- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и

- уверение за државјанство.

Конкурсот трае 15 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА