КОНКУРС за упатување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија што ќе се школуваат на Воена академија „West Point“ во Соединетите Американски Држави во учебната 2022/2023 година

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје објавува

 КОНКУРС

за упатување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија што ќе се школуваат на  Воена академија „West Point“ во Соединетите Американски Држави во учебната 2022/2023 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје објавува Конкурс за упатување до 3 (три) студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија на Воена академија „West Point“ во Соединетите Американски Држави.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати што ги исполнуваат следниве услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонијa и
  • да се питомци/студенти запишани во Воената академија во Скопје во учебната 2021/2022 година, согласно конкурс објавен на 22.07.2021 година, во „СЛОБОДЕН ПЕЧАТ“ и „КОХА“.

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

  • кандидатите да не се постари од 23 години до 27.06.2022 година;
  • кандидатите да не се во брак;
  • кандидатите да положат тест по математика (алгебра, аналитичка геометрија, тригонометрија и реални функции) ако бројот на пријавени кандидати надминува 6 (шест);
  • кандидатите да положат АЦПЛТ тест по Англиски јазик, ако бројот на пријавени кандидати надминува 6 (шест);

Студиите траат 4 (четири) години.

Понатамошната постапка за запишување на номинираните кандидати во Воената академија „West Pointќе се врши во соработка со Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Конечната селекција на кандидатите ќе се врши од страна на организаторот на школувањето, согласно нивните критериуми.

 ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следните документи:

  • молба, што се добива во Воената академија;
  • пријавен лист, што се добива во Воената академија и
  • изјава дека не се во брак

РОКОВИ

Заинтересирани кандидати, документите за пријавување на конкурсот да ги достават најдоцна до 10.12.2021 година до Деловодство на Воената академија.

ВРАБОТУВАЊЕ

Питомците студенти упатени на школување во странство по завршувањето на студиите и извршената еквиваленција и признавање на стекнатата странска високообразовна диплома, стапуваат на работа во Министерството, се произведуваат во соодветен чин и се распоредуваат на должност во согласност со актот за систематизација на работните места во Министерството и актот за формацијата на Армијата.

По завршување на студиите на кандидатите им се гарантира прием во Армијата на Република Северна Македонија и имаат обврска да поминат во Армијата најмалку двојно подолго време од времетраењето на студиите.

Заинтересираните кандидати дополнителни информации за Конкурсот за упатување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија што ќе се школуваат на  Воена академија „WestPoint“ во Соединетите Американски Држави во учебната 2022/2023 година можат да добијат на веб-страницата на Академијата http://www.ma.edu.mk/.

Со почит

Воена академијa