К О Н К У Р С за избор на лектор/виш лектор и соработници на Воената академија во Скопје

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр.82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува
К О Н К У Р С
за избор на лектор/виш лектор и соработници на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА ЛЕКТОР/ВИШ ЛЕКТОРИ СОРАБОТНИЦИ ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ, НАСТАВНО-СТРУЧНИ И СОРАБОТНИЧКИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА и ОБЛАСТИ

1. ИЗБОР НА ЛЕКТОР/ВИШ ЛЕКТОР ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 6. ХУМАНИСТИЧКИ НАУКИ,НАУЧНО ПОЛЕ: 612.„НАУКА ЗА КНИЖЕВНОСТ“, НАУЧНА ОБЛАСТ: 64004. „АНГЛИСТИКА“ – 1 (еден)извршител;
2. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5 ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 504 „КИНЕЗИОЛОГИЈА“, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 50400. ,,ФУНДАМЕНТАЛНА КИНЕЗИОЛОГИЈА (БИОМЕХАНИКА, ПСИХОМОТОРИКА, ФИЗИОЛОГИЈА, ДРУГО)“, 50401. ,,ПРИМЕНЕТА КИНЕЗИОЛОГИЈА (СПОРТ, ФИЗИЧКО ВОСПИТУВАЊЕ, РЕКРЕАЦИЈА, КИНЕЗИТЕРАПИЈА, ДРУГО)“ И 50403. ,,СПЕЦИЈАЛНО ФИЗИЧКО ВЕЖБАЊЕ И СПОРТ” − еден (1) извршител;
3. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 212. КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 21200. „АРХИТЕКТУРА НА СМЕТАЧКИ СИСТЕМИ“, 21202. „ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ“ И 21205. „ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА И СИСТЕМИ“ – еден (1) извршител;
4. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: 2. ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 212. КОМПЈУТЕРСКА ТЕХНИКА И ИНФОРМАТИКА, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 21202. „ИНФОРМАЦИОНИ СИСТЕМИ И МРЕЖИ“ И НАУЧНО ПОЛЕ: 224. ТЕЛЕКОМУНИКАЦИОНО ИНЖИНЕРСТВО, НАУЧНИ ОБЛАСТИ: 22401. „АНТЕНИ И ПРОСТИРАЊЕ НА БРАНОВИ“ И 22403. „РАДИОКОМУНИКАЦИЈА“- двајца (2) извршители;
5. ИЗБОР НА СОРАБОТНИЦИ ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: 5. ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, НАУЧНО ПОЛЕ: 515. ОДБРАНА, НАУЧНА ОБЛАСТ: 51511. „ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ“ – двајца (2) извршители.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следнитеуслови:

1. Кандидатите за избор во наставно-научни звања на Воената академија треба:

  • да имаат завршено втор циклус студии (магистерски студии) во научната област за која севрши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, Законот за Воената академија, Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „ГоцеДелчев“–Штип и Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.
  • да имаат афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

2. Дополнителни критериуми за избор на кандидат од точка 3, 4 и 5:

  • завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет;
  • трупна служба во Армијата од најмалку 5 години;
  • да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

III. Кандидатите треба да ги достават следните документи:

  • пријава по конкурс;
  • кратка биографија (печатена и електронска);
  • диплома за завршена магистратура (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
  • список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
  • уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.
Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„ВаскоКарангелески“ бб Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА