К О Н К У Р С за избор на наставник и соработник на Воената академија во Скопје

Врз основа на член 172 од Законот за високо образование („Службен весник на РМ“ бр.82/2018) и член 18 од Законот за Воена академија („Службен весник на РМ“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С

за избор на наставник и соработник на Воената академија во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ

1.НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (2) ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, ПОЛЕ: (207) ГРАДЕЖНИШТВО И ВОДОСТОПАНСТВО И (226) ВОЕНО ТЕХНИЧКИ НАУКИ, ОБЛАСТ: (20709) ПАТИШТА И АЕРОДРОМИ, (20712) ХИДРОЛОГИЈА И (22600) ВОЕНО ТЕХНИЧКИ НАУКИ- еден (1) извршител;

2.ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: (5) ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ: (515) ОДБРАНА И (516) БЕЗБЕДНОСТ, ОБЛАСТ: (51511) ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ – еден (1) извршител;.

3.ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: (2) ТЕХНИЧКО-ТЕХНОЛОШКИ НАУКИ, ПОЛЕ: (205) ЕНЕРГЕТИКА И (214) МАШИНСТВО, ОБЛАСТ: (20507) МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ, (21422) АВТОМАТИКА – еден (1) извршител;

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следнитеуслови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:

  • да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип.

2. Кандидатите за избор во соработничко звање на Воената академија треба :

  • да имаат завршено втор циклус (магистер) во научната област за која се врши изборот;
  • да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 170 од Законот за високо образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип.

3. Дополнителни критериуми за избор на кандидат за точка 2 и 3:

  • завршен II циклус на студии на Воената академија (магистратура по менаџмент за одбранбено-безбедносни ресурси во областа на безбедноста и одбраната) или завршен II циклус на студии на соодветен факултет;
  • за реден број 2 трупна служба од најмалку 5 години; за реден број 3 трупна служба од најмалку 3 години
  • да има афинитет, способност и склоност за вршење високо-образовна дејност.

III. Кандидатите за избор во наставно-научно и соработничко звање треба да ги достават следните документи:

  • пријава по конкурс;
  • кратка биографија (печатена и електронска);
  • диплома за завршено соодветно образование (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
  • странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
  • список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
  • уверение за државјанство.

Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето.

Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул.„Васко Карангелески“ бб Скопје.

Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА