К О Н К У Р С за избор на наставник и соработник на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

Врз основа на член 172 од Закон за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2018 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.178/2021) и член 18 од Закон за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје распишува

К О Н К У Р С
за избор на наставник и соработник на Воената академија ,,Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје

I. ИЗБОР НА НАСТАВНИК ВО СИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ЗВАЊА И СОРАБОТНИК ПО СЛЕДНИТЕ НАСТАВНО-НАУЧНИ ПОДРАЧЈА, ПОЛИЊА И ОБЛАСТИ:

  1. НАСТАВНИК ВО СИТЕ ЗВАЊА ВО НАУЧНОТО ПОДРАЧЈЕ: (5) ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ: (506) ОРГАНИЗАЦИОНИ НАУКИ И УПРАВУВАЊЕ (МЕНАЏМЕНТ), ОБЛАСТ: (50602) МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ, (50613) ДЕЛОВНО КОМУНИЦИРАЊЕ И (50622) УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ- еден (1) извршител;
  2. ИЗБОР НА СОРАБОТНИК ВО НАУЧНО ПОДРАЧЈЕ: (5) ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ, ПОЛЕ: (515) ОДБРАНА, ОБЛАСТ: (51506) УПРАВУВАЊЕ И КОМАНДУВАЊЕ И (51511) ВОЕНИ НАУКИ И ВЕШТИНИ – еден (1) извршител.

II. Покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните услови:

1. Кандидатите за избор на наставник во наставно-научни звања на Воената академија треба:
- да имаат завршено трет циклус студии (докторат на науки) во научната област за која се врши изборот;
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 166 од Законот за високото образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“– Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

2. Кандидатите за избор во соработничко звање на Воената академија треба:
- да имаат завршено втор циклус (магистер) во научната област за која се врши изборот;
- да ги исполнуваат општите услови пропишани со Законот за работни односи, условите наведени во член 164, 165 и 170 од Законот за високото образование, со Законот за Воената академија, со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставно-научни, наставни и соработнички звања на Универзитетот „Гоце Делчев“–Штип и со Правилникот за критериуми и постапка за избор во наставни и во соработнички звања на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“–Скопје.

III. Кандидатите треба да ги достават следните документи:
- пријава по конкурс;
- кратка биографија (печатена и електронска);
- диплома за завршен докторат, односно завршена магистратура (еден примерок од дипломата оригинал или копија заверена кај нотар);
- Уверение за положени испити и просек на прв и втор циклус на студии (за кандидатите за избор во соработничко звање);
- странските дипломи да се нострифицирани и дополнети со еквиваленција на оценките;
- список на објавени научни и стручни трудови (по еден примерок од трудовите електронски во PDF) и
- уверение за државјанство.
Конкурсот трае 8 дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето. Документите се доставуваат до деловодството на Воена академија, на адреса: ул. „Васко Карангелески“ бб Скопје.
Ненавремено доставени документи и непотполна документација нема да се разгледуваат.

Воената академија по извршениот избор во наставно – научно звање, нема обврска да склучува договор за вработување, доколку избраните лица не се во работен однос во Министерството за одбрана.

ВОЕНА АКАДЕМИЈА