ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗА КАНДИДАТИТЕ ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ, СТРУЧНИ СТУДИИ, СПЕЦИЈАЛИЗАЦИЈА ЗА КОМАНДНИ И ШТАБНИ ДОЛЖНОСТИ – ВТОР УПИСЕН РОК

Вториот уписен рок за приемниот испит ќе се оддржи на ден 18.12.2013 година во периодот од 14:30 до 16:00 часот во амфитетарот во објектот бр.54 во Воената академија, касарна „Гоце Делчев“ во Скопје.
Испитот ќе се реализира во траење од 90 минути. Истиот ќе содржи 10 прашања од 100-те претходно објавени. Сите кандидати кои го полагаат испитот, во просторијата за полагање да влезат само со две пенкала (без никаква дополнителна литература во било каков формат и без мобилни телефони или други уреди за комуникација). Секој кандидат кој нема да ја испочитува оваа напомена ќе биде отстранет од полагање.

Со почит,

Воената академија