Одличен старт на единствениот проект во регионот на Југоисточна Европа кој се однесува на градење на онлајн еластични заедници за справување со дезинформации со фокус на родови перспективи и хибридни закани во сајбер просторот, проект поддржан од NATO дивизијата за јавна дипломатија. Овој проект обединува локални авторитети, академија, невладини организации и медиуми.
Огромна е честа во проектот да бидат вклучени Градоначалниците на Штип и Свети Николе, Деканите на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје и Правниот факултет при УГД Штип, локалните медиуми M-NET-Shtip и TV Svet Свети Николе, како и невладините организации „Двојна Надеж“ – Штип и Организација на жени – Свети Николе.
Исто така, огромна благодарност до Г-ѓа. Алисон Харт, Специјален претставник за жени, мир и безбедност на НАТО.
Коментарите се затворени, но trackbacks и pingbacks се отворени.