Продекан за настава и научно истражувачка работа

КРАТКА БИОГРАФИЈА

д-р Драге Петрески, ред.проф., полковник

Ангажирањето на Воената академија во Скопје, полк. д-р Драге Петрески, ред.проф., го остварува уште од далечната 1993/93 и 1994/95 кога беше ангажиран како надворешен соработник во Установата за дошколување на офицери за АРМ ( сега ВА) од 1. Гардиска бригада на АРМ, за реализација на наставата по предметот Теоретски основи на класичното вооружување.

Завршил Воено-техничка академија  во Загреб во 1989 година, магистрирал на Машински факултет во Скопје во 2001 година, и успешно одбранил докторска дисертација на Машински факултет во Скопје во 2005 година.

Во својот ангажман на Воената академија дал голем допринос во формирањето, афирмацијата и рестартирањето на Воената академија Генерал Михаило Апостолски – Скопје, од кои би ги издвоиле најзначајните активности:

  • 1996   Избран за соработник со статус помлад асистент по предметот   Теоретски основи на класичното вооружување
  •  2001   Магистрирал на Машински факултет во Скопје.
  • Ангажиран во 16. Пешадиска бригада за време на безбедносната криза во РМ
  • 2003   Избран за соработник во звањето асистент по предметот   Теоретски основи на класичното вооружување
  • 2004   Поставен на должноста Раководител на Катедра за воено воздухопловство и ПВО. Член на Деканска управа на ВА.
  •  2005  Докторирал на Машински факултет во Скопје со наслов на тезата “Динамичка анализа и компјутерска симулација на осцилаторните движења на механизмите кај автоматските оружја
  •  2006   Избран за наставник – во наставно научното звање доцент во областа на воено техничките науки. Член на Наставно научниот совет на ВА.

 2009  

  • Претседател на работната група за изработка на систематизација на работните места на ВА.
  • Со Решение на ЗМО е одреден за председател на работната група за изработка на студиската програма за прв циклус на студии.
  • Поставен на должноста Раководител на Катедра за воена логистика.

2010  

  • Избран за наставник во наставно – научната должност доцент во областа на воените науки по предметот Воена логистика, втор циклус на студии.   - Избран со одлука на ННС на ВА за координатор на ЕКТС на ВА.
  • Член на комисијата за издавачка дејност на ВА, и го изработува Правилникот за издавачка дејност на ВА.
  • Член на комисијата за предлог на документи за студенти на ВА, индекси, студенски картони и сл.
  • Со одлука на ННС на ВА е во состав на комисијата за етички кодекс на ВА, и го изработува Кодексот на однесување за вработените на ВА и Кодексот на однесување за питомците/студентите на ВА.Со одлука на ННС на ВА е одреден во Комисијата за изработка на Практикум за применета форма на практична настава на питомците на ВА.

2011

  •  Со Решение на деканот на ВА, е одреден за член на кадровскиот совет на ВА.
  • Со Решение на Заменикот Министер за одбрана е одреден за претседател на Конкурсната комисија за запишување на студенти на втор циклус на студии и на кандидати за стручно специјалистички студии.
  • Со одлука на ННС на ВА е одреден за член на Комисијата за втор циклус на студии
  • Се избира во звањето вонреден професор во наставно научната област на воените и воено техничките науки на ВА

2012  

  • Со одлука на ННС на ВА е одреден за претставник на ВА, за член на Сенатот на Универзитетот Гоце Делчев – Штип. (Со одобрение на Ректорот на УГД – Штип и одлука на Сенатот на УГД – Штип).                    -
  • Со Решение на МО е одреден за член на уредувачки одбор на списанието Современа македонска одбрана.
  • Му се доделува Сребрена значка од Министерот за одбрана на РМ.
  •  Член на работната група за анализа и примана на ОФ – СЕТ програмите на ниво на Министерство за одбрана, за модернизација и опремување на МО и АРМ, со Решение на МО.
  • Претседател на Работната група за измена и дополна на студиската програма за прв циклус на студии на ВА во согласност со новиот Законот за високо образование на РМ.

2013   

  • Учествува во меѓународниот високо образовен безбедносен проект Летен кампус 2013.

  2014  

  • Со Решение на деканот на ВА, е одреден за член на кадровскиот совет на ВА,
  • Со одлука на ННС на ВА е одреден за член на Комисијата за издавачка дејност.
  • Со одлука на ННС на ВА е одреден за член на Работната група за предлог измени на Законот на ВА.

2015

  • Со одлука на ННС на ВА е одреден за член на стручен совет на докторски студии на ВА.
  • Со Решение на Министерот за одбарана е поставен за претседател на Програмскиот одбор на меѓународниот високо образовен безбедносен проект Летен кампус 2015.
  •  успешно ги извршува доделените редовни и вонредни задачи во катедрата.
  • успешно ја реализира наставата на прв циклус на студии, втор циклус на студии, курсот за штабни офицери, курсот за командири на чета за родови и служби и слично.
  • учествувал на повеќе научни и стручни меѓународни конференции со свои трудови и издавал трудови во меѓународни и домашни списанија со фактор на влијание.
  • учестувал како претседател во повеќе конкурсни комисии за прием на кандидати за школување на курс за офицери за родови и служби за потребите на АРМ, и друго.
  • избран за продекан за настава и НИР на ВА на 43-та седница на ННС на ВА одржана на ден 30.10.2015 година.

 2016  

  • Со Одлука на Универзитетскиот сенат на 119-та седница, одржана на 01.02.2016 година, д-р Драге Петрески се избира во звање редовен професор за наставно – научната област „Воено технички науки“ и „Машински системи“ на Воената академија, која е придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.