Катедра за воени науки и воени вештини

д-р Ненад Танески, потполковник

Nenad-Tanevski-

Доцент д-р Ненад Танески, потполковник, е роден на 30.03.1975 во Скопје. Во учебната 1995/96 година се запишал на Воената Академија – Генерал Михаило Апостолски, а дипломирал во август 1999 година. Во 2010 година магистрирал на Филозофскиот факултет-Скопје, Институтот за Безбедност, одбрана и мир. Во 2013 година се стекнал со научно звање доктор од областа на безбедноста. 

Во периодот од 1999 до 2008 година ги извршувал следните должности во Баталјонот на Воената полиција во Скопје: командир на воено полициски вод; командир на воено полициски вод за техничка заштита и обезбедување; командир на прва воено полициска чета; офицер за операции. Во перидот од 2008 до 2012 година е припадник на Воената служба за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана. Од 2012 година до денес е припадник на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“- Скопје каде ја извршувал должноста, Раководител на одделение за стручна и административна служба. Моментално ја извршува должноста, Раководител на Катедра за воени науки и воени вештини.

За постигнатите високи професионални резултати во досегашната работа повеќепати е пофалуван од Командантот на Воена Полиција по повод 7-ми Мај Денот на Безбедноста и Полицијата (2002, 2004, 2006 и 2007 година) и од Командантот на Специјалните сили по повод „Денот на Независноста“ (2003 година). Како посебни стимулативни мерки кои се доделени како признание за постигнати високи стручни достигнувања во работата се:  Парична награда од Министерот за Одбрана – Мај 2005 г., Пофалница од Министерот за Одбрана – 2010 година.

Во 2010 година успешно ги завршил магистерските студии со одбрана на магистерскиот труд под наслов „Ефективни стратегии за борба против тероризмот во современите демократски држави“, со што се стекнал со академскиот назив Магистер од областа на безбедноста, субспецијалност – Национална Безбедност.  Во 2013 година ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Влијанието на асиметричните закани врз трансформација на водењето и суштината на војната во XXI век“ во која се користи со методолошките пристапи на проучување на безбедносните проблеми и теориите својствени во проучувањето на воените науки и се стекнал со научен степен Доктор од областа на безбедноста, по што е избран во наставно-научно звање – доцент во научната област: Безбедносни закани и ризици, Современо војување, Воени вештини.

Во наставата на ВА вклучен е во првиот, вториот и третиот циклус на студии по предметите: Тактика на родот пешадија, Национална безбедност и безбедносен систем, Тероризам и асиметрични закани, Разузнавачки  и безбедносни системи, Национална и меѓународна безбедност, Хибридни и сајбер закани.

Учествувал во повеќе експертски комисии во Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и Воената академија, а во текот на својата досегашна кариера учествувал на бројни домашни и меѓународни научни конференции. До сега има објавено повеќе стручни и научни трудови во земјава и во странство, а во 2012 година ја објавил и својата прва стручна монографија со наслов „Нова ера на војувањето“. Во 2014 година ја објавил и втората монографија со наслов „Глобални хибридни закани и асиметрични војни“. Во 2015 година коавтор е и на книгата „Реформи во одбраната“.

Истотака бил вклучен и во неколку научно-истржувачки проекти од кои како позначајни ќе ги издвоиме:

-          изготвување на „Национална стратегија на Република Македонија за борба против тероризмот“  – 2010 година.

-          Извештај за процена на ранливост од климатски промени за Република Македонија,  – 2012 година, Министерство за одбрана на Република Македонија, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка, УГД – Штип, Организација и реализација на меѓународен високообразовен и одбранбено-безбедносен проект „Летен кампус 2013“. (Решение бр.02-5844 од 06.11.2012 година на Министер за одбрана; ВА бр.07-1164/3 од 07.11.2012 година), 2013.

-          „Реформите и одбраната“ –Министерство за одбрана, 2015 година.

Во период од октомври 2013 година до декември 2014 година активно учествувал во целокупниот процес на подготовка, извршување и анализа на меѓународна штабна вежба „REGEX 2014“, која се одржа во „Борбениот колеџ на турката армија“ во Истанбул, Турција.

Во период од јануари 2015 година до октомври 2015 година активно учествувал во целокупниот процес на подготовка, извршување и анализа на меѓународна штабна вежба „REGEX 2015“, која се одржа во Атина и Солун (NATO Rapid Deployment Corps), Грција.

Од 2014 година е член на Издавачкиот совет и член на Уредувачкиот одбор на меѓународното списание „Современа македонска одбрана“.

Во изминатиод период има објавено бројни научни, стручни и апликативни трудови во земјата и во странство:

  1. „Атентатите и нивната генеза I – Операции за обезбедување и заштита“, Штит – Година II, број 14, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Октомври 2010, Скопје,
  2. „Атентатите и нивната генеза II – Методи на напад и оружје што се користи при атентатите“, Штит – Година II, број 15, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Ноември 2010, Скопје,
  3. „Радикалниот ислам: Реална закана за безбедноста на Балканот“, Безбедносни Дијалози, Број 2, Година I, EBSCO host database, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2010, Скопје,
  4. „Чекор пред непријателот-Обезбедување и заштита на ВИП личности“, Штит – Година III, број 17, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Јануари 2011, Скопје
  5. „Democracy as a mechanism in prevention of asymmetrical secyrity threats“, International scientific conference: securyty in the post-conflict (western) balkans, EBSCO host database, Ohrid, 27-28 May, 2011,
  6. „Методи за сузбивање на модерниот тероризам“, Безбедносни Дијалози, Број 4, Година II, EBSCO host database, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2011, Скопје,
  7. „Со експерти против експерти – одбрана од сајбер закани“, Штит – Година IV, број 32, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Април 2012, Скопје,
  8. „Radikalni islam kao pretnja regionalnoj bezbednosti na Balkanu“, VI Naučni skup: Dani bezbjednosti „Drustvena reakcija na savremene oblike ugrozavanja bezbjednosti“, Banja Luka, 25.05.2012,
  9. „Year of revolutions – awaking of middle east and fear of arab’s revolutionary spirit“, Annual International Scientific Conference, Global Security and Challenges of the 21st Century, Makedonski Brod, MIT University, 09 June 2012,
  10. „Chronological development of post-conflict peacebuilding“, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,
  11. „Retrospective of the stages of post-conflict peacebuilding“, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,
  12. „The significance of the civil-military cooperation“, ISBN 978-9989-134-07-4, Third international campus, Pepelishte, Republic of Macedonia, July 02-July 12.2012,
  13. „Homegrown terrorism – new challenge for the security sector of the Republic of Macedonia“, International Scientific Conference „Security sector reforms in the the Republic of Macedonia and their impact on crime curbing“, European University – Republic of Macedonia, Skopje, September, 2012,
  14. „Асиметричните закани како предизвик за реформите во безбедносниот сектор на Р.Македонија“, Европски универзитет – Р. Македонија, Скопје, Септември, 2012,
  15. „Тајната линија на фронтот“, ШТИТ – Година IV, број 39, Министерство за Одбрана на Република Македонија, Ноември 2012, Скопје,
  16. „Бунтовништвото и неговата мутирачка природа во XXI век“, Безбедносни Дијалози, Број 2, Година III, EBSCO host database, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2012, Скопје,
  17. „Transformation of the Al Qaeda threat as new security challenge“, VI. International scientific conference, 6th – 7th February 2013, Banská Bystrica, Slovak Republic,
  18. „Asimetricne pretnje i njihova refleksija u medjunarodnoj bezbednosti“, IV međunarodni naučni skup, Multikulturalnost i savremeno društvo, 01.03.2013, Fakultet za pravne i poslovne studije dr Lazar Vrkatić, Novi Sad, Srbija.
  19. „The power of Globalization and Asymmetric War“, SHAPING THE SECURITY ENVIRONMENT: WESTERN BALKANS AND BEYOND, monograph, ISBN 13: 978-9989-2851-4-1, 2013, Skopje,
  20. „Проценка на штети од елементарни и други непогодо – поплави“, меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, Европски универзитет – Скопје, јуни 2013 година,
  21. „Глобалното исламско движење и неговото влијание врз современите демократски држави“, меѓународна научна конференција „Промените во глобалното општество“, Европски универзитет – Скопје, јуни 2013 година,
  22. „Two years after the arab spring – on the long road to democracy“, International scientific conference „The Balkans between past and future: security, conflict resolution and euro-atlantic integration“, University “St. Kliment Ohridski”- Bitola, EBSCO host database, Faculty of Security- Skopje, Ohrid, june 2013,
  23. „Заканата од недржавни актери во XXI век низ призмата на тројството на Клаузевиц“, Безбедносни Дијалози, Број 1, Година IV, EBSCO host database, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, мај 2013, Скопје,
  24. „Моќта на Ал Каеда пред и по смртта на Осама Бин Ладен“, меѓународна научна конференција „Влијанието на научно – технолошкиот развиток во областа на правото, економијата, културата, образованието и безбедноста во Република Македонија“, Универзитет „ЕВРО-БАЛКАН“ – Скопје, Република Македонија, декември 2013 година,
  25. Global Hybrid Asymmetric Threats – Terrorism, Crime, Insurgency“, VII International scientific conference, Security forum 2014, Banská Bystrica, Slovak Republic, ISBN 978-80-557-0678-8.
  26. „Тhe changing conflict environment“, Fourth International Scientific Conference, „The Science and the Social Development“,323.28(100), ISBN 978-608-4574-62-0, European University, Skopje, May 2014,
  27. „Испораките на оружје на земјите во развој“, Fourth International Scientific Conference, „The Science and the Social Development“,339.56:623(100-773), ISBN 978-608-4574-62-0, European University, Skopje, May 2014,
  28. „Тhe interest of the states for membership in international organizations: Case Of Macedonian Interest For Membership In NATO“, International scientific conference, MACEDONIA AND THE BALKANS, „A Hundred Years After The World War I – Security And  Euro-Atlantic Integrations“, EBSCO host database, University “St. Kliment Ohridski”- Bitola, Faculty of Security- Skopje, ISBN 978-608-4532-51-4 (Т. 1), Ohrid, june 2014,
  29. „Redefining system for crisis management in Republic of Macedonia“, International academic journal, FBIM Transactions, ISSN 2334-718X, July 2014,
  30. „Geopolitical importance and the european union energy infrastructure protection from asymmetric threats“, International scientific journal „Contemporary Macedonian Defence“, EBSCO host database, ISSN 1409-8199, Skopje, December, 2014,
  31. „Terrorist violence and the role of the media“, International scientific journal „Contemporary Macedonian Defence“, EBSCO host database, ISSN 1409-8199, Skopje, December, 2014,
  32. „Rethinking military diplomacy in achiving strategic ends“, International academic journal „Security Dialogues“, EBSCO host database, ISSN 1857-7172, eISSN 1857-8055, Vol. 5, No.2, Skopje, 2014.
  33. „The islamic schism and its influence on international security“, International yearbook, ISSN 1857-6508, EBSCO host database, Faculty of security – Skopje – 2014,
  34. „The militant islamist ideology as a threat to the national security of the republic of Macedonia“, International Journal, Scientific Papers, VOL 11/1, Institute of knowledge management,  ISSN 1857-92, December 2015,

Активно се занимава со боречки спортови. Носител е на црн појас, мајстор во боречката вештина Реален Аикидо и член во Клубот за Реален аикдо „Маруи“ – Скопје.