Катедра за природни и воено-технички науки

Биографски податоци

 Полковник Росе Смилески

Датум на раѓање: 18.07.1956 год.

Место на раѓање: с. Горно Ботушје, Македонски Брод, Р. Македонија

Националност: Македонец

Васко Kаранѓелевски б.б.
1000 Скопје
тел. 02 3283- 658
e-mail: smile@va.edu.mk или rose.smileski@ugd.edu.mk

Образование:
- Средно хемиско училиште во Прилеп, 1975 год. Воена-техничка академија, во траење од 9. семестри, при што се стекнал со стручно звање дипломиран воен инженер по хемија – насока пиротехнологија, 1980 во Загреб
-Магистрира на Технолошкиот факултет при Свеучилиштето во Загреб, 1985 год. во научната област инженерска хемија и се стекнува со научното звање магистар по технички науки, подрачје хемиско инженерство.
-Докторската дисертација ја одбранил на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 1994 година и се стекнува со научно звање доктор по технички науки.

Курсеви:

  • Курс за убојни средства, во Загреб 1987
  • Курс по англиски јазик IV степен, според американска програма 2000 год. на Воената академија во Скопје
  • Семинар за употреба на оружјето кое не убива во Германија, 2004
  • Семинар, Менаџмент на промени и лидерство, 2008 год.
  • Семинар, Складирање, чување, одржување и пролиферација на малото оружје и муниција, Сараево, 2008
  • Повеќе курсеви од областа на информатика (1994-2010).
  • Семинар од областа на муницијата во Загреб, (мај и октомври 2012)
  • Семинар од областа на муницијата во Скопје, јуни 2013

Сегашен статус:

Раководител на Катедрата за природни и воено-технички науки на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје – придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Редовен професор во научните области: технологија на муниција, експлозивни материи и внатрешна балистика, методика на истражување на пожари и експлозии.
Работно искуство:

1980 Управник на работилница за среден ремонт на муниција и минско – експлозивни средства, во Загреб, во чин потпоручник
1981 Управник/командант на склад за муниција и минско-експлозивни средства, Пречец-Дуго Село, покрај Загреб, во чин поручник-капетан
1986/92 Наставник на Воено-техничката академија во Загреб во научната област современа технологија за одржување на муницијата и минско-експлозивните средства, во чин капетан-капетан прва класа
1992 Референт за оружје и муниција во Секторот за логистика при ГШ на АРМ, во чин капетан прва класа-мајор

1993/94 Упатен во Установата за обучување на воени стерешини, работи на развојот на наставно-материјалната база на Воената академија, наставник по неколку предмети од областа на експлозивните материи, муницијата и оружјето и воедно раководител на Катедрата за класично вооружување и муниција, во чин мајор, а 1994 вонредно унапреден во чин потполковник

1995 Од страна на Матичната комисија за отворање на Воената академија е избран во наставно- научно звање доцент од областа на технологијата на муницијата и експлозивните материи.

1997 Наставно-научниот совет на Воената академија го избра за продекан за научно истражувачка работа на Воената академија.
На постдипломските студии при Машинскиот факултет во Скопје ја реализира наставата од областа на современи одбранбени системи.

1997 Го изработил Проектот за изградба и опремување на лабораторијата за хемија во чиј состав е и лабораторија за испитување на експлозивните материи, чие формирање е направено со посебна Одлука на министерот за одбрана,

1999 Унапреден е во чин полковник

2000 Наставно-научниот совет на ВА го избра во звањето вонреден професор од областите: технологија на муниција и експлозивни материи и внатрешна балистика
2005 Наставно-научниот совет на ВА го избра во наставно – научно звање редовен професор во областите: технологија на муниција и експлозивни материи и внатрешна балистика
2006 Наставно-научниот совет на Полициската академија го избра за редовен професор по предметот Методика на истражување на пожари и експлозии, а ги реализира и предметите: Вооружување и опрема и Заштита од пожари и експлозии и Производсво, трговија и забрана за употреба ОМУ, во Вториот циклус

2008 Од страна на Матичната комисија за проширување на дејноста на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип го бира за редовен професор

2009 Член на работната група за повторно отварање на Воената академија
Член на Матичната комисија за повторен почеток на Воената академија

2003 Министерот за одбрана го поставува за застапување на должноста декан, воедно Раководител на Катедрата за воено машинство и технологија

2004 Министерот за одбрана го поставува за декан на Воената академија

2009 На предлог на повеќето организациски единици на Воената академија, Наставно-научниот совет го предлага, а министерот за одбрана го поставува за декан на Воената академија со мандат од 4.години (08.08.2009)

2013 Му истекува мандатот за декан на Академијата, министерот за одбрана го поставува за Раководител на катедрата за природни и воено-технички науки (08.08.2013)

НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА АКТИВНОСТ

1984 Соработник на научно-истражувачкиот проект „Оптиматизација на катодната заштита на пловни објекти“.
1988 Соработник-истражувач на проектот Корозивно однесување на муници¬јата и минско-експлозивните средства со акцент на морската клима.
1998 Главен истражувач на проектот Определување на брзината на корозија на муницијата на територијата на Р. Македонија.
1999 Соработник на проектот за изноѓање на прифатлив Модел за логистичко обезбедување на АРМ компатибилен со земјите во НАТО-пактот и ПзМ
1999 Главен носител за изработка на техничка документација за производство навежбовни каписли бр. 8 и вежбовни електрични каписли бр. 8. Проектот е завршен 2001 годино со верификација на средствата од страна на Комисија од Министерството за одбрана.

2000 Главен истражувач за испитување на експлозивните карактеристики на Првиот стопански експлозив произведен во Р.Македонија, познат по скратеното име АНФО-МК-1. Проектот е завршен, а експлозивот се наоѓа во употреба со одобрение од надлежната комисија на МВР

2000 Член на Уредувачкиот одбор на списанието Современа македонска одбрана и член на Советот за издавачка дејност на списанието Армиски збор.

2007/2013 Заменик на главниот уредник на списанието Современа македонска одбрана

2013 Член на Издавачкиот совет на меѓународното списание Современа македонска одбрана

2000/03 Претседател на Уредувачкиот одбор за издавање на првиот и третиот Зборник на објавени трудови на Воената академија. Зборникот е објавен во обем од 450, односно 785 стр.

2001/02 Претседател на Иницијативниот одбор и заменик претседател на научниот одбор заорганизирање на Првиот меѓународен симпозиум од областа на експлозивните материи, муницијата, оружјето и воената технологија, Охрид 2002 год.

2002 Член на научно-истражувачкиот тим од Р. Македонија, вклучен во меѓународниот проект (Мембранска ќелија за електрокаталитичко добивање водород). Проектот е финансиран од Европската унија, а се реализира во неколку земји: Грција, Бугарија и Хрватска. Главен истражувач од Р. Македонија беше проф.д-р Светомир Хаџи Јорданов од ТМФ од Скопје

2003 Член на научниот совет на Третото советување за дупчење и минирање со меѓународно учество, во организација на Рударско-геолошкиот факултет од Штип.

2004-06 Член на Организацискиот одбор за одржување на 23 Конгрес на Сојузот на хемичарите и технолозите, со меѓународно учество, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Република Македонија.

2009 Член на организацискиот одбор на Симпозиумот за дупчење и минирање со меѓународно учество, во организација на Рударско-геолошкиот факултет од Штип

Други активности:

  • Има објавено 78 (седундесет и осум) научни, стручни и апликативни трудови во земјата и во странставо.
  • На работно место употребува современа опрема за испитување, а пред сè течен хроматограф на фирмата Варијан. Работи со инструменти за испитување на потисните експлозиви по следниве методи: Метил-виолетова проба, Берманг-Јунк, Ханзен тест и др. Исто така работи со научно-истражувачкa опрема произведена од фирмата AMEL.
  • Член е на Сојузот на хемичарите и технолозите на Р. Македонија.
  • Член е на друштвото за механика на Р. Македонија
  • Придружен член на Друштвото за наука и уметност во Прилеп.
  • По потреба, а по повик на надлежните органи во Р. Македонија учествува при вештачење на разни предмети.
  •  Член е на претседателството на здружението на Народна техника (2002-2006)
  • Престојувал во посета на повеќе воени академии и колеџи во светот: West Point, САД , Во воените академии на Р. Турција, Воениот универзитет во В.Трново Р.Бугарија, На универзитетите во Вермонт и Кенетикт, држави во САД, во Морнаричката академија на САД. Во центрите во Словенија, Словачка, на Воената академија во Модена, Р. Италија. Речиси при сите посети имал свое излагање на тема „Воениот образовен систем во Р. Македонија“
  • Во рамките на размена на наставниот кадар како визитинг професор со свои предавање (2005) настапил на Воениот универзитет во Р. Албанија на тема „Влијанието на стабилизаторот врз стабилноста на потисните експлозивни материи.“

1. Научно-истражувачка работа

Во досегашниот период се занимавал со разновидна и интезивна научно-истражувачка активност, при што ги има објавено следниве трудови:
1. R. Smileski, Ispitivanje brzine korozije nionikrala-40 u sulfatnim otopinama, magistarski rad, Sveuciliste, Zagreb, 1985, 94 str.
2. V. Vujičić, R. Radeka, R. Smileski, A. Žibert, Određivanje brzine korozije metala metodom brojanja mjehurića vodika, Vojnotehnicki glasnik, br.2/87, 1987, str. 209;
3. R.Smileski, R.Radeka, V.Vujicic, Ispitivanje korozivnog ponasanja nionikrala-40 u sulfatnom elektrolitu, Zastita materijala, br. 29,1988, str. 104;
4. R. Smileski, R. Radeka, R. Babic, Korozija bakra i mesinga u sintetskoj morskoj vodi, 12. Jugoslovenski simpozijum o elektrohemiji sa medjunarodnim ucescem, kniga radova, Igman, 1991, 35;
5. R. Smileski, S. H. Jordanov, Parametri elektrodne reakcija kod korozije bakra i mesinga u sintetickoj morskoj vodi, 13. Jugoslovenski simpozijum o elektrohemiji, sa medjunarodnim ucescem, Knjiga radova, Vrnjacka Banja, 11-15.06.,1995, 73;
6. Р.Смилески, Корозивно однесување на бакар и месинг во морска вода, докторска дисертација, ТМФ, Скопје, 1994, 124 стр.
7. Р. Смилески, Одржување на муницијата е еден од битните услови за висока борбена готовност, Прв научен симпозиоум на тема: Одбранбено-заштитниот систем на Р. Македонија-состојби и перспективи, Охрид 1996 Зборник на објавени трудови, Филозофски факултет-Скопје,1998,стр. 295;
8. Р. Смилески, С. Хаџи Јорданов, Карактеризација на оксидниот слој создаден врз бакарот при корозија во синтетичка морска вода, XV. Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, со меѓународно учество, Скопје 02-04.10.1997, “Зборник на објавени трудови”, Скопје 1997, стр. 110;
9. Ј. Наумоски, Р. Смилески и Д. Стоевска, Одреѓивање утицаја површине узорака на брзину атмосферске корозије челика, XIV. Југословенски симпозиум о електрохемији, Бечиќи, 15-18.06.1998, Књига радова, Хемијско друштво Црне Горе, Подгорица, 1998, стр. 101;
10. R. Smileski i J. Naumoski, Ispitivanje oksidnog sloja bakra, XIV. Jugoslovenski simpozium o elektrohemiji, Becici, 15-18.06.1998, Knjiga radova, Hemijsko drustvo Crne Gore, 1998, str. 103;
11. R. Smileski, Colorimetric Determination of the Fe obtained by the reaction of Nionicral-40 in Sulphuric Acid, IX Симпозиум по инструментална и аналитична спектрометрија-СИАС 1998, 15-17.09,1998, МЖУ “Фр. Ж. Кири”, Варна Р. Бугарија;
12. Р. Смилески, Фотоелектрохамиски испитувања на оксидните слоеви на бакат во деаерирана синтетичка морска вода, XVI. Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, со меѓународно учество, Скопје, 28 -30.10.1999 год., Зборник на објавени трудови, Скопје, 1999, стр.607;
13. О. Поповски, Р. Смилески и А. Трајковска, Детекција на Циклотриметилентринитроамин и 1-метил-2,4,6-тринитробензен (ТНТ) со помош на течна хроматографија, XVI. Конгрес на хемичарите и технолозите, со меѓународно учество, Скопје, 28-30.10.1999, Зборник на објавени трудови, Скопје, 1999, стр.443;
14. Р. Смилески и О. Поповски, Транспорт на експлозивните материи во јавниот сообраќај, Симпозиум на Сојузот на сообраќајните инженери на Македонија и Министерството за сообраќај и врски на Р. Македонија, Охрид 23-25.09.1999, Сообраќај и комуникации на прагот на XXI век, Зборник на трудови, Скопје, 1999, стр. 175;
15. Р. Смилески, О. Поповски и А. Трајковска, Хроматографско определување на содржината на стабилизаторот во потисните експлозивни материи, Современа Македонско одбрана, Министерство за одбрана, Скопје, 2000, бр.1, стр.157;
16. Р. Смилески, О. Поповски и А. Трајковска, Хроматографско испитување на амонимуннитрат и тринитротолуен во бризантните експлозивни материи кои се употребуваат во стопанството, II. Советување за дупчење и минирање, со меѓународно учество, Охрид, 25-27.05.2000;
17. Р.Смилески, А. Трајковска, О. Поповски, Испитување на хемиската стабилност на потисните експлозивни материи со помош на течна хроматографија, Годишник на факултетот за безбедност, Скопје, 2000, стр. 71;
18. С. Десковски, Р. Смилески, С. Ангелевски, Балистички аспекти на дејство на современите проектили за стрелечко вооружување врз човековото тело, Современа македонска одбрана, 2000, бр.2, стр. 141;
19. С. Десковски, Р. Смилески, С. Ангелевски, Механички аспекти на дејство на проектилите врз човековото тело, 7-ми Симпозиум за теоретска и применета механика, Друштво за механика на Р.Македонија, 28-30.09. Струга 2000, Зборник на трудови А 10, стр. 73;
20. Р. Смилески, О. Поповски, Детекција и анализа на стопанските експлозиви по нивното активирање-експлозија, Второ заседание од Советувањето на тема “Рударско геолоШко инженерство во рударските, градежните и водостопанските објекти, 18-20.10.2001, Струга;
21. R. Smileski, A.Trajkovska-Petkoska, O. Popovski, ispitivanje hemijske stabilnosti baruta metodom tecne hromatografija, XXI Simpozium o eksplozivnim materijama, Jugoslovenski komitet za eksplozivne materije,Tara, 21-23 novembar 2001, str.133-137;
22. Р. Смилески, А. Трајковска-Петкоска, О. Поповски, хроматографско испитување на амонимумнитратните експлозиви кои се употребуваат во стопанството, Современа Македонска одбрана, 2002, бр. 5 стр. 57-66;
23. Р. Смилески, А. Трајковска-Петкоска, Определување на количеството на стабилизатор во потисните експлозивни материи со помош на течна хроматографија, XVII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, Зборник на трудови, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија, Скопје, 18-29 април 2002, стр. 107;
24. Р. Смилески, О. Поповски, Т. Ризески, Испитување на брзината на корозија на бакар и месинг во атмосферски услови, XVII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, Зборник на трудови, Сојуз на хемичарите и технолозите на Македонија, Скопје,18-29 април 2002, стр. 132-133;
25. Р. Смилески, О. Поповски, Избор на растворувач за идентификација на бризантните експлозивни материи, Прв симпозиум од областа на експлозивните материи, вооружувањето и воената технологија, Охрид, 25-28 септември 2002 година, Зборник на трудови, Воена академија “Генерал Михаило Апостолски”-Скопје, 2002, стр. 65;
26. М. Стефанов, Р. Смилески, А. Трајковска-Петкоска, Техника и технолоија за производство на експлозивна материја „АН-ФО МАК-1“ и негова масовна примена во рудниците за примарни минирања на метали и неметали, Прв симпозиум од областа на експлозивните материи, вооружувањето и воената технологија, Охрид, 25-28 септември 2002 година, Зборник на трудови, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, 2002, стр.173;
27. Д. Петрески, Н. Бабамов, Р. Смилески, Воспоставување критериуми за испитување запалки за противтенковски мини, Прв симпозиум од областа на експлозивните материи, Вооружувањето и воената технологија, Охрид 25-28 септември 2002 година, Зборник на трудови, Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, 2002, стр. 395;
28. Д. Петрески, Н. Бабамов, Р. Смилески, Нов метод за динамичко испитување на запалки за противтенковски мини, 8-ми Симпозиум за теоретска и применета механика, Скопје, 3-5 октомври 2002, Зборник на трудови, стр. 105;
29. С. М. Десковки, Р. Смилески, З. М. Гацовски, С. Ангелевски, Военото инженерство и едукација на кадри за потребите на Армијата на Република Македонија, Прв конгрес на инженерите на Македонија -„Инжиенерството-двигател на новиот милениум“, Зборник на трудови, Струга, 24-26 октомври 2002, стр. 449;
30. Р. Смилески, Ј. Наумоски, Испитување на оксидниот слој на бакарот создаден при корозија во синтетска морска вода, Прв конгрес на инжинерите на Македонија, Струга, 24-26 октомври 2002, стр. 267;
31. R. Smileski, O. Popovski, J. Naumoski, Determination of chemical stability of gunpowders by qualituve and quantitative methods, 6th Conference on weapon systems, Brno, Czech Republic, 28-30. April, 2003;
32. Д. Димески, Д. Спасеска, Р. Смилески, В. Сребреникоска, Влијание на притисокот на пресување врз трауматолошките ефекти и балистичките карактеристики кај унидереакционални и бидереакционални композити врз база на полиетиленски влакна со ултрависока молекулска маса,, III Советување за дупчење и минирање со меѓународно учество, Охрид, 28-31 мај 2003, Зборник на трудови, Рударско-геолошки факултет Штип, 2003, стр. 125;
33. В. Сребреникоска, Д. Дамески, Ѓ. Башоски, Р. Смилески, Механички и термички карактеристики на композитен материјал за вградување во противградна ракета, III Советување за дупчење и минирање со меѓународно учество, Охрид, 28-31 мај 2003, Зборник на трудови, Рударско-геолошки факултет Штип, 2003, стр. 264;
34. М. Стефанов, Р. Смилески, А. Трајковска-Петковска, Производство и примена на експлозивна материја АН-ФО МАК-1, III Советување за дупчење и минирање со меѓународно учество, Охрид, 28-31 мај 2003, Зборник на трудови, Рударско-геолошки факултет Штип, 2003, стр. 381;
35. R. Smileski, O. Popovski, J. Naumoski, Determination of chemical stability of gunpowders by qualitative and quantitative methods, New trends in research of energetic materials, Proceedings of the VII Seminar, Pardubice, Czech Republic, April 20-22, 2004, pp. 646;
36. Р. Смилески, О. Поповски, Ј. Наумоски, Т. Ризески, Определување на брзината на атмосферска корозија на легури од бакар, XVIII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, Извод од соопштенија, Охрид, 23-25 септември 2004, стр. 422;
37. Ѓ. Башовски, Д. Димески, В. Сребренкоска, Р. Смилески, Спојување на метали со помош на експлозија, XVIII Конгрес на хемичарите и технолозите на Македонија, Извод од соопштенија, Охрид, 23-25 септември 2004, стр. 446;
38. Д. Петрески, Р. Смилески, Н. Бабамов, Карактеристики на современите хаубици, Современа македонска одбрана, 2004, бр. 10 стр. 145 ;
39. P. Paunovic, O. Popovski, M. Tasev, R.Smileski, S. Hadzi Jordanov, Sophisticated electrocatalysts for economical production of hydrogen Part A : Structural characterrization, University of Pardubice, Czech Republic, April 19-21.2005. 719;
40 O. Popovski, P. Paunovic, R. Smileski and S.Hadzi Jordanov, Sophisticated electrocatalysts for economical production of hydrogen, Part B: Elekctrochemical characterization, University of Paradubice, Czech Republic, April 19-21.2005, 739;
41. O. Popovski, P. Paunović, A. T. Dimitrov, D. Slavkov, R. Smileski, M. Tasev and S. Hadži Jordanov, Carbon nanotubes as support for Co/TiO2 electrocatalysts for hydrogen evolution, New trends in research of energetic materials, Pardubice, Czech Republic, April 19-21, 2006, p. 416-422
42. Р. Смилески, О. Поповски, Ј. Наумоски, Д. Стојкоски, Анализа на распрскувачкото дејство на експлозивно тело со цилиндрична форма, IV Симпозиум од областа на рударството со меѓународно учество, 30.05-02.06.2006, Охрид, стр. 43-51
43. R. Smileski, O. Popovski, J. Naumoski, Toxicity and detection of explosive materials and components of explosive mixtures, 5th International Conference of the Chemical Societies of the South-East European Countries Ohrid, September 10-14, 2006, Book of Abstracts Vol. II, ACH-42
44. P. Paunović, O. Popovski, A. Dimitrov, Z. Tasev, D. Slavkov, R. Smileski, M. Tasev and S. Hadži Jordanov, Influence of anealing temperature on TiO2 structure and catalytic activity of Me-TiO2 hypo-hyper d-catalysts for hydrogenevolution reaction, 5th International Conference of the Chemical Societies of the South-East European Countries Ohrid, September 10-14, 2006, Book of Abstracts Vol. II, PCH-49
45. O. Popovski, P. Paunovic, A.Tomova, R. Smileski, A. Dimitrov, S. Hadzi Jordanov, Electrodeposition of metallic phase on porous electrocatalyst support, 20th Congress of Chemists and Technologysts of Macedonia, Ohrid, September 17-20, 2008, ECH-06-E
46. Р. Смилески, О. Поповски, Д. Стојкоски, Анализа на распрскувачкото дејство и ефикасноста на граната 40 mm, Годишник на полициската акдемија, 2 (1) стр. 175-186 (2007)
47. Р. Смилески, О. Поповски, Д. Стојкоски, Анализа на распрскувачкото дејство и зголемување на ефикасноста на гранатата од 40 mm, Современа македонска одбрана, 16 стр. 99-112 (2007)
48. Dafinka Stoevska-Gogovska, Rose Smileski, Orce Popovski, Erica Paunovic, S.Hadzi Jordanov, Novel nano-scaled electrocatalysts for hydrogen evalution with reduced loading of precious metals, Part II, University of Pardubice, Czech Republic, April 19-21.2010. 699;
49. Драге Петрески, Росе Смилески, Методија Дојчиновски, Кемо Ѓозо, Трговија со конвенционалното оружје како глобален предизвик, Современа македонска одбрана, бр, 20, стр. 75-84 (2010)
50. С.Ангелевски, Р. Смилески, О.Поповски, Реформите во системот за воено образование како дел од евроатланските интеракивни процеси, Факултет за безбедност, Охрид (2011)
51. Rose Smileski & Metodi Hadji-Janev, Balkan’s Perspectives in the middle of NATO Emerging Security Challenges, Меѓународна научна конференција Факултет за безбедност, Охрид (2012)
52. Елениор Николов, Орце Поповски, Росе Смилески, Драге Петрески, Принципи на проценка на мулти ризици, Европски универзитет зборник на трудови, Скопје, меѓународна научна конференција (2012)
53. Nadica Todorovska, Orce Popovski, Rose Smiliski, Determination of heavy metals in milk and diary products, 22nd Congress of Chemists and Technologistis of Macedonia with international partipation, Sept. 05-09.2012 Ohrid
54. Goce Stoilkovski, Nadica Todorovska, Rose Smileski, Orce Popovski, Determination of heavy metals in the sludge of Kamenichka river, 22nd Congress of Chemists and Technologistis of Macedonia with international partipation, Sept.05-09.2012 Ohrid
55. Elenior Nikolov, Orce Popovski, Rose Smileski, Risk assessment of industrial hazard, 22nd Congress of Chemists and Technologistis of Macedonia with international partipation, Sept. 05-09.2012 Ohrid

1.1. Наставни трудови
1. R. Smileski, Elaborat za izvodjenje vjezbi iz predmeta: Odrzavanja municije i MES i Skladistenja municije i MES, Visoke Vojnotehnicke skole KoV JNA- Zagreb, 1987, 59 str.
2. Р. Смилески, Технологија на муниција и експлозивни материи, лекции, ВА, Скопје 1996, 180 стр.
3. Р. Смилески, О. Поповски и Е. Николов, Внатрешна балистика I и II-лекции, ВА, Скопје 1998 , 96 стр.
4. Р. Смилески, Муниција и експлозивни материи-теоретски основи, Воена академија, Скопје, 1998, 216 стр.
Високошколски учебник наменет за изучување на предметот Технологија на муниција и експлозивни материи, кој го слушаат питомците на Воената академија, како и слушателите кои се школуваат за потребите на техничката служба. Материјалот е корисен и за старешините кои вршат обука со војниците, а корисни делови можат да најдат и лицата кои се занимаваат со наменско производство.
5. Росе Љ. Смилески, Орце Б. Поповски, Внатрешна балистика, Воена академија, Скопје, 2001, 210 стр.
Содржината на овој ракопис е наменета како а) учебник по истоимената дисциплина на Воената академија (за питомците и слушателите за службите на АРМ), чија наставна програма е опфатена во него, б) техничко помагало во индустријата за наменско производство и в) прирачник во единиците на АРМ за основни запознавања со ова важно подрачје, а може да го користат и лица од практиката (припадници на МВР, вешти лица, адвокати, студенти на факултетите кои ја изучуваат проблематикаа со внатрешната балистика и форензика).
6. Росе Смилески, Вооружување и опрема, предавања, Факултет за безбедност, Скопје, 2010
7. Росе Љубомир Смилески, Методика на истражување на пожари и експлозии, Факултет за безбедност, Скопје 2010, 271 стр.
Претставува високошколски учебник наменет за студентите од Факултет за безбедност, а може да се користи и за студенти од други факултети кои ја изучуваат оваа проблематика, а може да најде примена како помагало во установите кои се занимаваат со вештачење на пожари и експкозии, во судска медицина и сл.

1.2. Стручно-апликативни трудови
1. Р. Смилески, Развој на муницијата за срелечко оружје, Одбрана бр. 3/93
2. Р. Смилески, Микрокалибарска муниција, Одбрана бр. 4/93
3. Р.Смилески, Куршум со повеќекратно зрно, Одбрана бр. 5/93
4. А. Грудановиќ, Р. Смилески, Историски развој на балистиката, Одбрана, бр.11/94
5. Р. Смилески, Куршум со зрно во облик на стрелка, Одбрана бр. 15/95
6. Р. Смилески, Стрелечка муниција без чаура, Одбрана бр. 17/95
7. Р. Смилески, Експлозивниерии и експлозиви, Одбрана, бр.34/98
8. Р. Смилески, Иницијални експлозивни материи,Одбрана бр.36/98
9. Р. Смилески, Бризантни експлозивни материи, Одбрана бр.35/98
10. Р. Смилески, В. Павлески, Основно одржување на муницијата, Одбрана бр. 29 и 30/99
11. Р. Смилески, Аеросолни експлозивни материи, Одбрана 39/99
12. Р.Смилески, Нитроамини, Одбрана, 41/99
13. Р. Смилески, Нитроестери, Одбрана, бр. 42/99
14. С. Ангелески, Р. Смилески, Дејство на проектилите врз човековото тело, Одбрана бр.43/99
15. Р.Смилески, А. Трајковска, О. Поповски, Квалитативно определување на стабилноста на потисните експлозивни материи (барути), Одбрана бр.47/2000
16. Р. Смилески, Ханзен тест, Одбрана бр.50/2000

1.3. Учество во други изданија
1. Р. Смилески (претседател), Б.Никодиновски, Т. Ристески, Б. Давчева, Д. Стојановски, Зборник на објавени трудови на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” 1995-1999, Воена академија Скопје,2000, 468 стр.
2. Р. Смилески (претседател) и др. Зборник на објавени трудови на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” 2000-2002, Воена академија Скопје,2003, 785 стр.
Зборниците претставуваат збир на сите научни и стручни трудови, како и приказ на докторски дисертациии, магистерски трудови, книги и учебници издадени од автори на Воената академија.

2. Учество во научно-истражувачки проекти

1. Испитување на брзината на корозија на територијата на поранешна СФРЈ, со посебен акцент на брзината на корозија на муницијата под влијание на морската клима, од овој проект произлезена е дисертацијата со наслов „Корозивно однесување на бакар и месинг во морска вода”, а познато е дека бакарот и месингот се основните компоненти речиси кај сите видови муниција. Проектот е реализиран на Военоте-техничката академија во Загреб, под менторство на проф. д-р Владимир Вујиќиќ и проф. д-р Радмила Радека.
2. Р. Смилески, О. Поповски, Т. Ризески, Определување на брзината на корозија на муницијатана територијата на Р. Македонија. Проектот беше од интерен карактер за потребите на Министерството за одбрана со реализација се почна во 1998 година, а завршил 2003 година.
3. Р. Смилески, О. Поповски, Е. Николов, Изработка на техничка документација за производство на вежбовни каписли бр. 8 и вежбовни електрични каписли бр. 8. Проектот е завршен во 2001 година со верификација на средствата за производство од страна на надлежната комисија на Министерството за одбрана.
4. Р. Смилески, А. Трајковска, С. Десковски, Испитување на експлозивните и други карактеристики на стопанскиот експлозив АНФО-МК-1. Резултат на овој проект е добивањето на првиот стопански експлозив во Р. Македонија, кој сега се наоѓа во производство и употреба, со претходно одобрение на надлежната комисија од МВР. Проектот завршил 2002 година.

Покрај во наведените има учествувано и во други проекти:
1. „Проектирање на можен модел за логистичко обезбедување во вооружените сили на Република Македонија (економика, организација, раководење и командување) компатибилен со моделите на земјите-членки на НАТО и Партнерството за мир”, главен истражувач на Проектот бил проф. д-р Сокле Кочоски, Воена академија-Скопје, Проектот е завршен 2002 година.
2. „Мембранска ќелија за електролитичко добивање водород”, Проектот беше финансиран од Европската унија, а се реализираше во соработка со сл. земји: Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора и Хрватка. Главен истражувач од Македонија беше проф. д-р Светомир Хаџи Јорданов од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје. Проектот заврши 2005 година.

3. Рецензирани учебници
Член на рецензентски комисии за следниве учебници и учебни помагала:
1. В. Димишковски, Современа против оклопна борба, Воена академија, Скопје, 2000 год., 280 стр.
2. С. Десковски, С. Ангелевски, Надворешна балистика, -учебник, Воена акдемија, Скопје, 2000, 380 стр.
3. П. Левков. Тактика на техничка служба, Воена академија, Скопје, 2002, 160, стр.

Други активности:

Од учебната 2011/12 и 2012/2013 на Европскиот Универзитет ја реализира наствата на Прв циклус на студии, по предметот Криминалистичка текника, а на Втор циклус дел од Форензичка креминалистаика, кој се однесува на пожарите и експлозиите.
Со одлука на Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност-Скопје, моментално ментор е на еден магистрант и еден докторант. На истиот факултет бил и претседател на Комисија за одбрана на еден магистрант.
Рецензент во повеќе комисии за избор-реизбор на наставници и соработници на Воената академија и факултетот за безбедност-Скопје.