Воената академија ги споделува своите искуства во надминување на предизвиците во едукативниот процес за време на COVID пандемијата

Воената академија доби големо признание со препознавањето на квалитетот и успешноста во справувањето со предизвиците во едукативниот процес за време на пандемијата.  Во Ноември месец Воената академија, како позитивен пример, беше поканета на неколку настани со цел да ги сподели своите искуства и начинот на кој се справила со овие предизвици пред други држави и академски институции.

Во периодот 16-18 ноември, беше одржана НАТО настан на тема „ COVID-19 Образование во одбраната – Работилница за најдобрите практики и научени лекции за учење на далечина“, на кој активно учество земаа над 200 учесници од сите НАТО и партнерски држави. Воената академија, на покана од НАТО Програмата за подобрување на едукацијата во одбраната (NATO DEEP), а пред сè поради успешното справување со предизвиците во процесот на едукација за време на пандемијата,  ги сподели своите искуства со НАТО и партнерските држави. Покрај Воената академија, беа издвоени и свои презентации имаа и Балтичкиот одбранбен колеџ, Штабниот колеџ на здружените сили на САД, Колеџот на канадските сили, Кралскиот воен колеџ Саинт-Јеан, Националниот одбранбен универзитет од Украина, Националната одбранбена академија од Грузија и НАТО одбранбениот колеџ од Рим.

Дополнително на ова, Воената академија беше поканета да одржи своја презентација на Третата меѓународна научна и практична конференција „Предизвици во спроведувањето на ADL во образовниот процес на повисоките воени образовни институции и можните начини на нивно решавање“, која се одржа на 20. ноември 2020, во организација на Националниот одбранбен колеџ на Украина.

На 26. ноември 2020 година, Воената академија исто така беше поканета да ги сподели своите позитивни искуства поврзани со реализација на образовниот процес за време на глобалната пандемија на Конференција поддржана од RADLI (Регионална иницијатива за напредно учење на далечина) и во организација на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.