Воената академија дел од Европскиот колеџ за безбедност и одбрана

По претходна апликација и исполнување на ригорозните услови за прием, Воената академија стана дел од престижната мрежа на Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ESDC). Воената академија после добиената покана, на 19. февруари ги претстави своите капацитети и можности за соработка пред извршниот академски борд на ECSD. Управниот одбор на ESDC, на состанокот на 27. Април 2020, одлучи да ја прифати апликацијата на Воената академија за вклучување во мрежата на ESDC.

Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (European Security and Defence College) е тело на ЕУ, кое обезбедува обука и едукација на ниво во областа на Заедничката безбедносни и одбранбени политики – Common Security and Defence Policy (CSDP), што е дел од Заедничката надворешна и безбеносна полиса на ЕУ – Common Foreign and Security Policy (CFSP).

ESDC е креиран како колеџ за вмрежување и затоа се потпира на овластени национални субјекти. Колеџот во моментов е составен од повеќе од 100 национални институции за обука и едукација со различни области на експертиза и основи.

 Целите на Европскиот колеџ за безбедност и одбрана се:

  • понатамошно зајакнување на заедничката европска безбедносна и одбранбена култура во рамките на Унијата и промовирање на принципите утврдени во член 21(1) TEU надвор од Унијата;
  • да се промовира подобро разбирање на CSDP како суштински дел од CFSP;
  • да им обезбеди на институциите на Унијата квалификуван персонал кој може да работи ефикасно за сите прашања поврзани со CSDP и CFSP;
  • да обезбеди персоналот на CSDP мисии и операции да има заедничко разбирање на принципите на функционирање на CSDP мисиите и операциите и чувство за заеднички европски идентитет;
  • да обезбеди обука и едукација согласно потребите на CSDP мисиите и операциите;
  • да ги поддржува партнерствата на Унијата во областа на CSDP и CFSP, особено партнерства со оние земји кои учествуваат во мисиите на CSDP;
  • да обезбеди поддршка на цивилното управување со кризи во делот на превенција на конфликти и делот на воспоставување или одржување на условите за одржлив развој;
  • да се промовира Европската иницијатива за размена на млади офицери;
  • да им обезбедат на административниот персонал на земјите-членки и персоналот на Унијата знаења поврзани со политиките, институциите, процедурите и најдобрите практики на Унијата во областа на компјутерската безбедност и одбраната.