Воената академија ко-организатор на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2017

logo cyrex

На 24 февруари 2017 година, Воената академија “Генерал Михаило Апостолски”, беше кооорганизатор и учесник на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2017 (https://goo.gl/sBvVWW)  која е организирана како дел од иницијативата ‘Securing Digital Future 21’. Вежбата беше во коорганизација со Центарот за заедничка обука и анализа при Бугарската академија на науки.  Директор на активноста беше вон. проф д-р Златогор Минчев, а ко-директор  вон. проф. д-р Митко Богданоски, потполковник.

Триесетина учесници околу три часа експериментално се справуваа со претходно дефинирани сценарија на сајбер закани и напади.

Воената академија учествуваше со групата на питомци од 4 година од родот врски под менторство на доц. д-р Димитар Богатинов, капетан и мајор Гоце Стеваноски. Дополнително на вежбата имаше учесници од Универзитетот во Пловдив – „ Паисиј Хилендарски “, Универзитетот за национална и светска економија, Здружение на комуникација и информации специјалисти и Меѓународната федерација за информатика од Република Бугарија.