Воената академија ко-организатор на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2018

cyrex_2018_logos

На 23 февруари 2018 година, Воената академија “Генерал Михаило Апостолски”, заедно со Центарот за заедничка обука и анализа при Бугарската академија на науки (БАН) беше ко-организатор на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2018 (http://cleverstance.com/CYREX_2018/cyrex_2018.html).

CYREX 2018 е интернационална веб-дистрибуирана вежба организирана четврта година по ред, која обезбедува сајбер обука за универзитетски, академски, професионални здруженија и индустриски учесници.

Активноста беше организирана и модерирана од вон.проф, д-р Митко Богданоски, потполковник, продекан на Воената академија, доц. д-р Димитар Богатинов, капетан и Трајче Касапинов, мајор, во партнерство со вон. проф. д-р Златогор Минчев,  Директор на одделот за ИТ безбедност при БАН , како и ексепртите од неговиот тим, Иван Гаидарски и Стефан Тафков.

На вежбата активно учество земаат околу триесетина учесници, меѓу кои и група на питомци од 4 година од родот врски, кои во период од три часа експериментално се справуваа со претходно дефинирани сценарија на предизвици и закани во сајбер просторот.

За време на CYREX 2018 беа искористени различни паметни уреди, популарни социјални мрежи, облак-услуги, енкрипција, Системи за следење и превенција на загуби на податоци (DLP) итн.

Дополнително ан ова, настанот беше поддржан и од EU SysSec проектот (http://www.syssec-project.eu/), Универзитетот во Пловдив – „ Паисиј Хилендарски“, Здружението на специјалисти за комуникација и информации, Меѓународната федерација за процесирање на информации, и од Гелишим Универзитетот од Истанбул, Р. Турција,.