Воената академија ко-организатор на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2019

Screen Shot 03-03-19 at 03.22 PMНа ден 01. Март 2019 година, Воената академија “Генерал Михаило Апостолски”, заедно со Центарот за заедничка обука и анализа при Бугарската академија на науки (БАН) беше ко-организатор на меѓународната сајбер вежба – CYREX 2019 (http://securedfuture21.org/cyrex_2019/cyrex_2019.html).

CYREX 2019 е интернационална веб-дистрибуирана вежба организирана петта година по ред, која обезбедува сајбер обука за универзитетски, академски, професионални здруженија и индустриски учесници.

На вежбата учествуваа претставници од центарот за заедничка обука и анализа при Бугарската академија на науки (БАН), Универзитетот во Пловдив – „ Паисиј Хилендарски“, Невладината организација – Иницијатива за сајбер и корпоративна безбедност и кризен менаџмент – C3I Скопје, Сојуз на специјалисти за комуникација и информирање – Бугарија, Центар за развој и афирмација на културата и образованието, Република Босна и Херцеговина, Воениот институт во Ново Мексико – САД, Асоцијација за е-безбедност, и Мусала иновации – мусала софт.

Активноста беше организирана и модерирана од вон.проф, д-р Митко Богданоски, полковник, продекан на Воената академија, доц. д-р Димитар Богатинов, мајор и Трајче Касапинов, потполковник, во партнерство со вон. проф. д-р Златогор Минчев,  Директор на одделот за ИТ безбедност при БАН.

На вежбата активно учество земаа група на питомци од 4 година од родот врски, кои во период од три часа експериментално се справуваа со претходно дефинирани сценарија на предизвици и закани во сајбер просторот.

За време на CYREX 2019 беа искористени различни паметни уреди, популарни социјални мрежи, облак-услуги, енкрипција, Системи за следење и превенција на загуби на податоци (DLP) итн.