Воената Академија на Прва конференција на проектот NOTIONES

FWPn6uFXkAMe-Va

Првата конференција на конзорциумот од проектот NOTIONES се реализираше на ден 15.06.2022 година во Брисел, Белгија.
Целта на NOTIONES конференциите е да се воспостави широка мрежа на професионалци посветени на дискусија и адресирање на постоечките предизвици во користењето на модерните технологии во процесите на собирање на информации.
Покрај охрабрувањето на дијалогот и размената на искуства помеѓу практичарите, креаторите на политики, научната заедница и индустријата во полето на безбедноста и разузнавањето, конференцијата ги претстави и последните пронајдоци и резултати од NOTIONES.
Целокупниот настан беше одбележан со преглед на досегашните резултати, динамика на реализација на проектни цели, размена на најдобри практики за остварување на зададените задачи како и запознавање на клучниот персонал вклучен во проектот NOTIONES.
На настанот беа поканети и надворешни соработници кои претставуваа вистинска додадена вредност на работните групи преку споделување на нивни искуства, експертиза и знаења.