Воената академија во соработка со Џорџ Мејсон Универзитот во САД и Факултетот за безбедност и криминалистички науки од Универзитетот во Сараево организатор тркалезна маса за справување со хибридни закани во Југоисточна Европа

Од 06-12 октомври 2019 година во Охрид, се реализира проектот G5631 „Senior Leadership Roundtable – Information related hybrid threats in South Eastern Europe“, финансиран и поддржан од програмата НАТО-СПС -„Наука за мир и безбедност“ и Министерството за одбрана на САД – канцеларијата за поморски истражувања. Целта на проектот е да се изградат партнерства во една од најчувствителните свери безбедноста, посебно во делот на информациите поврзани со хибридните закани. Директор на проектот од земја членка на НАТО е д-р Итамара Лочард од Џорџ Мејсон Универзитот во САД, НАТО поканет ко-директор од Република Северна Македонија е д-р Методија Дојчиновски од Воената академија, а ко-директор од ПзМ од Босна и Херцеговина е д-р Неџат Корајчиќ од Факултетот за безбедност и кризминалистички науки од Универзитетот во Сараево.

На такалезната маса учество  земаa претставници од земјите членки на НАТО и ПзМ (Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Естонија, Грција, Црна Гора, НАТО, Северна Македонија, Србија, Словенија, САД, Италија, КФОР, Украина, Велика Британија и Германија). Воената академија покрај со ко-директор, партиципира и со членови на организацискиот одбор, д-р Орце Поповски ред. проф. полковник и м-р Никола Клетников, потполковник.

Тркалезната маса ја отвори министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски. Главен говорник беше Марк Лејти – директорот за комуникации во Врховната команда на Сојузничките сили (SHAPE), а на настанот учество зема и бригадниот генерал Шон Харис од КФОР – Косово.

Од Република Северна Македонија партиципираат лица вработени во Министерството за одбрана, Генералштабот на армијата, Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за безбедност на класифицириани информации, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија како и професори од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Факултетот за безбедност од Универитетот Свети Климент Охридски – Битола и Филозофскиот факултет од Универзитетот Свети Кирил и Методиј – Скопје.

На затварањето на тркалезната маса учество земаа д-р Линтон Велс, порнешен помошник на државниот секретар за одбрана и раководител на канцеларијата за информации одговорен за севкупниот буџет на САД за сајбери заменик министерот за одбрана д-р Беким Максути, кој имаше пригодното обраќање.

СПС