Воената академија продолжува со својата поддршка на активностите организирани од страна на RACVIAC Центарот за безбедносна соработка

Bоената академија повторно даде значителен придонес на RACVIAC Центарот за безбедносна соработка при реализацијата на активноста C-WMD Национални стратегии “Cовремени закани на животната средина и сајбер елементи на C-WMD стратегијата“, која се одржа во Загреб, Р. Хрватска (22-25.01.2018).

Покането предавање на активноста на тема „Сајбер оружјето како oружје за масовно уништување“ имаше пполк. д-р Митко Богданоски, вон. проф., продекан на Воената академија. Активноста беше во организација на Европската команда на САД (USEUCOM), а беше поддржана од предавачи од Одбранбената агенција за намалување на заканите од САД (DTRA), Меѓународната програма за контра-пролиферација и Европската Унија. Предавања на активноста одржаа и експерти од областа на Оружјето за масовно уништување, пролиферацијата, и сајбер безбедноста од САД, ВБ, Финска, Естонија, Унгарија и др.

Ова предавање претставува продолжение на долгогодишната соработка на Воената академија со RACVIAC центарот за безбедносна соработка во областа на сајбер безбедноста.