Воената академија смело чекори кон освојување на нови хоризонти во европското образовно и научно семејство

Развојот на научната мисла и меѓународната афирмација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ претставуваат основен предизвик и главен приоритет и во услови на Светската пандемија. Од неодамна, Воената академија е рамноправен партнер на Европските образовни и научни институции во нови три меѓународни научно-истражувачки и апликативни проекти:

1. Воена академија е дел од конзорциумот на проектот „RESISTANT“ финансиран од Европската Комисија

“RESISTANT” има за цел да ja изгради првата Европска платформа за обука на кризи и споделување на знаење (European Crisis Training and Knowledge Sharing Platform) која ќе обезбеди обучување на first responders преку трикратна сеопфатна обука: едукативна обука со најсовремено знаење за сигурност, вклучувајќи алатки за карактеризација на опасностите и придружните ризици, оперативна обука со макета во реален размер и иновативна обука со помош на виртуелна реалност, репродуцирајќи ги целосните сценарија на несреќи, стратегиите и тактиките на интервенции, вклучувајќи го целиот синџир на командаување и комуникации помеѓу сите членови на тимот first responders, менаџери на објекти и јавностa (на пр. волонтери пожарникари, деца, граѓани со попреченост).

“RESISTANT”, исто така, ќе воспостави виртуелна „агора“ за first и second responders, академските институции, практичарите, волонтерите и другите засегнати страни од цивилната заштита за споделување знаење и размена на најдобри практики, особено во прекуграничното управување со кризи. „Агората“ ќе ја олесни дискусијата и ќе придонесе кон развој на заедничка култура за превенција и заштита.

2. Воената академија е дел од конзорциумот на проектот NOTIONES, финансиран во рамките на Хоризонт 2020

Воената академија е дел од конзорциумот на предлог проектната апликација NOTIONES, која е прифатен од Европската комисија (ЕК) и ќе биде финансирана во рамките на програмата Хоризонт 2020 во периодот 2021 – 2026 година.

Целта на проектот NOTIONES (iNteracting netwOrk of inTelligence and securIty practitiOners with iNdustry and acadEmia actorS) е да се изгради мрежа на практичари од безбедносните и разузнавачките служби на земјите-членки на ЕУ и придружните земји, од индустријата – вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија – и од академијата, со цел да се идентификуваат новите технологии и да истражи како тие можат да ги задоволат потребите на безбедноста и јавните услуги. NOTIONES периодично ќе објавува извештаи кој ќе ги сумираат наодите добиени преку програмирани истражувања финансирани од ЕУ, со цел да се препорача идна индустријализација на резултатите, да се изразат заедничките барања и да се наведат приоритетите.

Конзорциумот NOTIONES вклучува, меѓу своите 30 партнери, практичари од воени, цивилни, финансиски, судски, локални, национални и меѓународни безбедносни и разузнавачки служби, кои доаѓаат од 9 земји-членки на ЕУ и 6 придружни земји. Овие практичари, заедно со другите членови на конзорциумот, даваат целосен опфат на 4-те главни области на ЕУ: Западна Европа (Португалија, Шпанија, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Австрија), Северна Европа (Финска, Данска, Шведска, Естонија, Латвија), Средна Европа (Полска, Словачка, Украина), Средниот исток (Израел, Турција, Грузија, Бугарија, Босна i Херцеговина, Северна Македонија) или вкупно 21 земја, вклучително и 12 мали и средни претпријатија со разновидни и комплементарни компетенции.

aasa1

 3.  Воената академија стана дел од Европската мрежа на центри за сајбер безбедност и центар за компетенции за иновации и операции (ECHO) 

Воената академија стана членка на ECHO – Европската мрежа на центри за сајбер безбедност и центар за компетенции за иновации и операции (the European network of Cybersecurity centres and competence Hub for innovation and Operations), спонзорирана во рамките на програмата H2020 на Европската унија.

aasa

Европската комисија преку четири пилот-проекти создаде и поврза група на специјалисти и експерти од делот на сајбер безбедноста, со цел споделување на знаење низ повеќе домени за развој на заедничка стратегија за сајбер безбедност за Европа. ECHO е еден од овие четири проекти. Конзорциумот на ECHO се состои од 30 партнери од различни области и сектори, вклучувајќи здравство, транспорт, производство, ИКТ, образование, истражување, телеком, енергетски сектор, просторно планирање, одбрана и цивилна заштита.

Главната цел на ECHO е зајакнување на проактивната сајбер одбрана на Европската унија, зајакнување на технолошкиот суверенитет на Европа преку ефективна и ефикасна мулти-секторска и мулти-доменска соработка. Проектот има за цел развивање на Европски екосистем за сајбер безбедност, поддршка на соработка во делот на сајбер безбедноста, развој на европскиот пазар, како и за заштита на граѓаните на Европската унија од сајбер закани и инциденти.