Воената академија со свој допринос на меѓународната летна школа „Управување во услови на мигрантски кризи“

Во организација и на покана на Филозофскиот факултет во Скопје, д-р Методија Дојчиновски, вон. проф. половник, од Воената академија одржа предавање на тема „Мултифакторните предизвици на глобализацијата и влијанието на мигрантските кризи“ на Меѓународната летна школа „Управување во услови на мигрантски крии“, која се одржува во периодот од 18-24 јуни 2018 година, во Скопје, Република Македонија.

Меѓународната летна школа ја отвори министерката за одбрана Радмила Шекеринска а на истата учествуваат студенти и професори од Филозофски Факултет од Универзитетот Св. кирил и Методиј Скопје, Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии при Универзитетот во Сараево и Универзитетот од Велика Горица од Република Хрватска. Размената на искуства, запознавањето со нови сознанија и резултати од емпириски истражувања, претставуваат цели на Меѓународната летна школа.

Во рамки на истата, слушателите ќе гопосетат привремениот транзитен центар Винојуг, а ќе имаат и практична настава поврзана со миграцијата и миграциските кризи.