Воената академија со свој придонес на дводневна работилница “Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT”

Во периодот 02.04.-03.04. 2018 година, потполковник д-р Митко Богданоски, вонреден професор и капетан д-р Димитар Богатинов, доцент, дадоа свој придонес на дводневна работилница за сајбер безбедност, која се одржа Клубот на републички органи на управа (Клуб на пратеници).  Работилницата беше отворена од страна на Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, а беше поддржана и од Министерот за одбрана и Министерот за внатрешни работи.

Тема на работилницата беше “Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT”. Работилницата беше поддржана од експерти за сајбер безбедност од Корејската агенција за интернет и безбедност (Korean Internet & Security Agency – KISA) и од Светската банка.

Целта на работилницата беше да се споделат едукативно-истражувачките искуства и практики во областа на сајбер безбедноста со Република Кореја и да се презентираат резултатите од Проценката на модел на зрелост на капацитетите за информатичка безбедност на Република Македонија, која беше извршена од Оксфорд Универзитетот. Исто така, за време на работилницата беше презентирана моменталната состојба во Република Македонија и најновите трендови во областа на сајбер безбедноста.

Учество на активноста земаа претставници од сите релевантни државни институции и универзитети од Република Македонија.

Воената академија, која има директно учество во изготвувањето на Националната стратегија за сајбер безбедност, активно се вклучи во текот на сите дискусии, а посебен удел даде за време на Сесијата “Пресекот на состојбата во областа на сајбер безбедноста во Република Македонија”, која беше модерирана од потполковник д-р Митко Богданоски, вонреден професор, како и Сесијата “Нови трендови во областа на сајбер безбедноста”, каде беа презентирани достигнувањата и придонесот на Воената академија во сегментот на сајбер безбедноста.