ДИСЕМИНАЦИЈА НА ЗНАЕЊЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ PREVENTION OF DISASTERS ICT (PREDICT)

Претставници од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје на ден 02 и 03.06.2022 година извршија презентирање на резултатите од проектот PREvention of DIsasters ICT (Informatic and Computer Technology) („Превенција од катастрофи Информатичка и компјутерска технологија“) од ЕРАСМУС +програмата кој е реализиран во Конзорциумот со: Главна дирекција на пожарна безопасност и заштита на населението, Бугарија; Асоцијација ИТ решенија за сите, Шпанија; ДУКОР „Партенија Зографски“ и ОУ „Стив Наумов“, Скопје. Проектот беше презентиран пред наставниците во основно училиште (ОУ) „Славчо Стојменски“ во Виница, основно училиште (ОУ) „Дедо Иљо Малешевски“ и Општинско средно училиште (ОСУ) „Ацо Русковски“ во Берово.

Целта на активноста беше:

1. Да се изврши обука на наставниот кадар кој е одговорен за запознавање со природните непогоди (земјотреси, поплави и пожари) како и обука како да се постапува во случај на настанување на наведените природни непогоди во користење на материјалите подготвени во рамките на проектот.

2. Да се разменат мислења и искуства како да се подобри обученоста на децата за постапка во случај на природни непогоди (пожари, поплави и земјотреси).

Материјалите овозможуваат во рамките на еден наставен час децата да се запознаат со една од природните непогоди и да се реализира нивна обука како правилно да постапат во случај на настанување на природната непогода. Имајќи ја во предвид инклузивноста во образовниот систем сите материјали се изработени и тестирани за да бидат разбирливи и користени за лица со оштетен вид и слух и се бесплатно достапни за сите корисни.

За повеќе информации за проектот може да ја посетите web страната за истиот на следниот линк: http://projectpredict.eu/