ИЗВЕСТУВАЊЕ Во врска со Конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии за потребите на Министерство за одбрана и на Армијата на Република Македонија во учебната 2017/18 годинa

И З В Е С Т У В А Њ Е

Во врска со Конкурсот за запишување на студенти/питомци на прв циклус на студии за потребите на Министерство за одбрана и на Армијата на Република Македонија во учебната 2017/18 година во вториот уписен рок, ве известуваме дека нема да има трет уписен рок и дека целокупната постапка за запишување на кандидати за студенти/питомци е завршена.
Решението за прием на кандидати за студенти/питомци за потребите на  Министерство за одбрана и на Армијата на Република Македонија во учебната 2017/18 година од вториот уписен рок, ќе биде истакнато на веб станата на Воената академија најдоцна до 11.09.2017 година.

Со почит,
Воена академија