Известување за престоен настан – РАБОТИЛНИЦА ЗА НАТО СПС СИАРС ПРОЕКТОТ

На ден 24.10.2017 година, (Вторник) во  просториите на PARC  (Public Affairs Regional Centre)  ценатарот во  касарна „Гоце Делчев“ – Скопје, Воената академија во коорганизација со Mинистерство за одбрана и НАТО СПС програмата организира работилница за НАТО СПС СИАРС проектот.

logoНа работилницата свое присуство ќе земат: Министерка за одбрана, Амбасадорот на Р.Словенија, Амбасадоротна Р.Хрварска, НАТО директор на СИАРС проектот од Р.Словенија, како и гости во универзитети од Р.Македонија и Р.Словенија, представници од МО и АРМ, представници од Балкански медицински сили, Воено медицински центар како и представници на останати НАТО СПС проекти во Македонија.

Главна цел на работилницата е презентација на СИАРС проектот и практична презентација на неговата функционалност, дополнително ќе се изврши презентација на НАТО СПС програмата, и останати НАТО СПС проекти кои се водат во Македонија.
 
За СИАРС проектот
Воена Академија „Генерал Михаило Апостолски“ од Скопје покрај наставна дејност, во последниве години дава особен допринос со свое учесто во научно истражувачки проекти. Еден од тие проекти кој е во финална фаза на реализација е SIARS (Smart I (eye) Advisory Rescue System)“ кој претставува 3 (три) годишен проект финансиран од НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“. Оваа програма ја подобрува соработката и дијалогот со сите партнери, базирани на научни истражувања, иновации и размена на знаења. Исто така, програмата обезбедува финансирање, стручни совети и поддршка за релевантните безбедносни активности кои се  развиени од страна на членка на НАТО и земјата-партнер.
Покрај Воената академија, учесници во проектот се тимови од Факултет за електротехника од Универзитет Љубљана – Словенија, Факултет за медицина од Универзитет Љубљана – Словенија, Факултет за информатички науки и компјутерско инжинерство од Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје -Македонија. Тимот од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“во состав д-р. Југослав Ачкоски, доцент (кодиректор), д-р. Димитар Богатинов, доцент, вон. професор д-р. Сашо Коцевски, Гоце Стефановски и м-р. Бобан Темелковски, резултира со голем број на објавени научни трудови со импакт фактор, посетени конференции како и организирани работни состаноци и теренски тестирања.
Проектот SIARS се состои од моделирање, развивање и интеграција на постоечките избрани Информациски системи (ИС) во нов современ телемедицински ИС којшто ќе овозможи спасување на поголем број повредени лица и ќе ја намали смртноста на бојното поле, во акции во кои учествуваат и војници на АРМ. Крајниот резултат од проектот ќе овозможи трансфер на информациите за повредените војници, VIP или цивили на боиштето во однос на опис на повредата, генерални податоци за повредениот и други општи податоци, како и трансфер на податоци за витални знаци на живот како пулс, притисок и др., без при тоа да се запишува во книги или друга тип на евиденција.
Системот собира физиолошки податоци од најниската единица на една воена структура користејки Zephyr BioHarrnes сензори за мерење на витални параметри.

prod_zephyr_strap

Имено, секој војник е опремен со Zephyr BioHarnes сензорот за континуирано мерење на виталните параметри (фреквенција на срце, фреквенција на дишење и ментален статус).
Сите членови на тимот (TM) се опремени со Tait радиа кои служат за прием на податоци од биосензорот и нивен пренос преку радио врска до болничарот (FR) и тактичкиот оперативен центар (TOC).
 
tait radio
Радио врската исто така се користи за гласовна комуникација и истата е користи заштитен пренос на податоци. Добиените податоците од сензорите се обработуваат со помош на развиен алгоритам кој е базиран на фази-логика кој го пресметува степенот на ризик за здравјето и ја класифицира состојбата на војни
кот според MEWS  (engl. Modified Early Warning Score) системот за класификација. Алгоритмот ја олеснува работата на болничарот (FR)  и тактичкиот оперативен центар (TOC) со автоматска пресметка на нивото на ризик, класификација на жртвите, како и со други податоци кои можат да помогнат во планирањето на соодветна евакуација и минимизирање на ризиците, транспортот и медицинската грижа потоа.
  
 
Во продолжение следуваат слики од презентацијата и теренското тестирање во Тузла БиХ, за време на меѓународната вежба  “EADRCC Consequence Management Exercise – Bosna I Hercegovina 2017 во период од 24 до 29.10.2017 година.
Повеке информации може да се најдат на
Следете на на Facebook - www.facebook.com/SiarsNato и на twitter  – www.twitter.com/SiarsNato