Известување по конкурс за запишување слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, на лица со завршен прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија

Се известуваат кандидатите кои конкурирале на Kонкурсот за запишување слушатели на стручно оспособување и усовршување за родот авијација, објавен на ден 04.04.2017 година во дневните печати Дневник и Коха со рок на пријавување до 20.11.2017 година, а немаат поднесено комплетни документи согласно конкурсот, дека нема да бидат земени предвид во натамошната постапка.

Воедно, ги информираме овие кадидати дека можe да ги подигнат своите документи, или доколку ги исполнуваат предвидените услови, можe да поднесат комплетни документи за конкурсот кој е во тек, и трае до 09.03.2018 година.

Линк од конкурсот: https://goo.gl/YdqPSy

Телефон за контакт:  078 290 942