Информација за проверка на физичката способно на воениот стадион-Скопје за кандидатите кои конкурирале за студенти-питомци на Воената академија во учебната 2022-23 година-прв уписен рок

Ве информираме дека на ден 19.08.2022 година од 08:00 часот на Воениот стадион-Скопје (во градски парк до Национална арена „Тоше Проески“) ќе се спроведе проверка на физичката подготвеност на кандидатите кои конкурирале за студенти-питомци на Воената академија во учебната 2022/23 година

Со себе понесете документ за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош), и спортска опрема (соодветна: спортска маица и шорцеви).