ИТНА ИНФОРМАЦИЈА за кандидати кои конкурирале за студенти/питомци на Воената академија во учебната 2019/2020 година – прв уписен рок

Се информираат кандидатите кои конкурирале за запишување на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје – прв уписен рок дека има можност 1 (еден) кандидат да студира на Воената академија во Приштина.

 Услови за студирање се следните:

  • да не е постар од 18 до 21 година на денот на конкурирање;
  • полагање на физички тест;
  • полагање на  TOEFEL;
  • полагање на тест по математика и
  • настава за времетраење на школувањето ќе биде на англиски јазик.

Доколку има заинтересирани кандидати да се пријават кај Секретарот на конкурсната комисија на телефон 070/403-050.

Рок за пријавување 13.08.2019 година до 15:30 часот.

Д  Е  К  А  Н
полковник
д-р Орце Поповски, ред. проф. с.р.