Конкурс за избор на најдобар есеј на тема „НАТО и јас“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА
И  ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА „ГЕНЕРАЛ МИХАИЛО АПОСТОЛСКИ“ – СКОПЈЕ
ВО КООРГАНИЗАЦИЈА СО ЕВРОАТЛАНСКИ СОВЕТ НА МАКЕДОНИЈА

по повод одбележување на 70 години од формирањето на НАТО
и прием на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО

објавуваат

Конкурс за избор на најдобар есеј на тема

„НАТО и Jас“NATO

Најдобрите три есеи ќе бидат наградени со организирана посета на седиштето на НАТО под покровителство на Министерката за одбрана на Република Северна Македонија Радмила Шекеринска Јанковска и НАТО. Трите прворангирани есеи ќе бидат презентирани на отворениот настан за јавност кој ќе се одржи во градски парк во Скопје 07. Април 2019 година. 

Краен рок за аплицирање (доставување на есеите): 29 март, 2019 г.

 Критериуми за аплицирање:

-  учесниците да се ученици на некое од средните училишта во Република Северна Македонија.

 Избор и селекција на есеите:

Есеите ќе ги селектира комисија составена од професори од Воената академија и претставници од Министерството за одбрана. Кандидатите со пријавувањето на конкурсот се откажуваат од своите авторски права и се согласуваат по завршувањето на конкурсот нивниот есеј, доколку влезе во групата на најдобрите, да биде објавен во публикација или во списанијата на Министерството за одбрана.

Начин на пријавување:

Есеите треба да бидат изработени на Македонски јазик, во А4 формат со фонт “Arial”, големина 12 и проред единечен. Есеите мора да имаат не помалку од 3 и не повеќе од 5 страни (формат А-4) изработени во MSWord со маргини: лeво 3 cm, горе-3 cm, долу-3 cm и десно-3 cm. Воведот и заклучокот не треба да бидат нагласени посебно како „вовед“ и „заклучок“. Во текот на пишувањето не смее да има точки и потточки на есејот. Се препорачува мислите да бидат јасни и прецизни.

Покрај есејот секој кандидат треба да достави:

1. Кратка биографија со свои контакт информации (адреса, телефон, електронска пошта, година на школување и назив на средното училиште);

2. Есеите заедно со другите документи треба да бидат доставени на следната емаил адреса: va@ugd.edu.mk

Важни датуми:
Краен рок за доставување на есеите: 29 Mарт 2019 година
Извесување за најдобрите три есеи: 5 Април 2019 година
Презентација на наградените трудови: 07 Април 2019 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА