К О Н К У Р С за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2020/2021 година

Врз основа на член 21 став 1 од Законот за Воената академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 83/2009) и Уредбата на Владата на Република Северна Македонија број 44-3714/1 од 05.05.2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 116/2020), Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје објавува,

 К О Н К У Р С

за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“  Скопје во учебната 2020/2021 година

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, распишува Конкурс за запишување на студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на прв циклус студии на Воената академија за 25 кандидати.

Студиите на прв циклус студии се организираат според студиски програми акредитирани со закон, според нормативите, стандардите и методологијата прифатени од единствениот европски простор за високо образование, вреднувани со кредити по ЕКТС. Студиските програми на прв циклус на студии на Академијата содржат 240 кредити и траат четири години. Секоја година на студиската програма содржи 60 кредити.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРС

На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои ги исполнуваат општите услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да завршиле четиригодишно средно образование;
  • да не се постари од 21 година на денот на пријавување и поднесување документи и
  • да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Покрај општите услови, кандидатите треба да ги исполнат и посебните услови:

  • да не им е изречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност  или должност;
  • да ги исполнуваат безбедносните критериуми според Законот за класифицирани информации, што ги утврдува надлежна служба во Министерството за одбрана;
  • успешно да го положат тестот за физичка способност во согласност со Тест-прог­ра­мaта за проверка на моторните способности на студенти/питомци и студенти на акредитираните студиски програми на прв циклус студии во Академијата.

Кандидатите државјани на Република Северна Македонија што средното образование го завршиле во Република Северна Македонија, или што дел од средното образование го завршиле во странство, се запишуваат под еднакви услови и критериуми на прв циклус на студии.

При изборот на кандидатите за запишување на Академијата се води сметка за соодветна и правична застапеност на припадниците на етничките заедници и развој на родовата перспектива, со почитување на принципите на стручност и компетентност.

Согласно член 13 став (1) од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет имаат предност при запишувањето во државни средни училишта, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис.

Согласно член 13 став (2) од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид од I до VII група воен инвалидитет, имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис, како и општите и посебните услови за прием.

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При изборот за запишување на кандидатите на прв циклус студии на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје во учебната 2020/2021 година, покрај општите и посебните услови се земаат предвид и следните критериуми:

  • општиот успех на кандидатите по сите предмети постигнати во средното образование;
  • успехот од спроведениот приемен испит по математика;
  • успехот од спроведениот приемен испит по англиски јазик, и
  • успехот постигнат на тестот за физичка способност.

ВРЕДНУВАЊЕ НА УСПЕХОТ

Вреднувањето на критериумите се изразува во поени.

Максималниот број поени што кандидатот може да ги освои според сите критериуми изнесува 100 поени.

Општиот успех на кандидатите по сите предмети, постигнат во средното образование учествува со најмногу 60 поени.

На општиот успех постигнат во средното образование, како критериум за запишување, се додава:

  • успехот од приемниот испит по математика, со најмногу 15 поени;
  • успехот од приемниот испит по англиски јазик, со најмногу 15 поени;
  • успехот од проверката на физичката подготвеност се вреднува со најмногу 10 поени.

Вреднувањето на успехот од средното образование се врши на следниот начин: се собираат сите оценки што се внесени во свидетелствата од сите години, добиениот збир се дели со бројот на оценки и вака добиениот среден успех се множи со 12. На ваков начин може да се добијат максимум 60 поени.

ПОСТАПКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

За спроведување на Конкурсот за запишување на прв циклус студии на Академијата се формира конкурсна комисија, поткомисии за спроведување на приемниот испит по математика, англиски јазик, комисија за спроведување на проверка на физичката подготвеност и за прием на документи и обработка на податоци.

При спроведување на приемниот испит, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).

Пред отпочнувањето на тестот за физичка подготвеност, се врши утврдување на психофизичката способностна кандидатите. Оваа проверка има елиминаторен карактер.

Психофизичката способност на кандидатите се утврдува со специјалистички прегледи и оцена од военолекарска комисија.

Военолекарска комисија врши утврдување на психофизичка способност во согласност Правилникот за мерилата за оценување на посебната здравствена и физичка способност за служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Постапката за спроведување на тестот за физичка подготвеност се состои од проверка на физичката подготвеност, по следните дисциплини:

 

Скок во далечина од место

Згиб на вратило

Стомачни подигања

Трчање

 

мажи

жени

мажи

жени

мажи

жени

мажи

1600 m

жени
800
m

Поени за минимум

сантиметри

репетиции

издражани во згиб/сек.

подигања

минути

 

180

120

3

3

25

25

8,00

6,00

Проверката на физичката подготвеност има елиминаторен карактер и во понатамошната постапка нема да се рангираат кандидатите што не ги задоволуваат предвидените норми, односно што не освоиле најмалку 50% од поените предвидени за секоја дисциплина поединечно, односно вкупно 5 поени од можните 10 поени за сите дисциплини.

При проверка, кандидатите треба да имаат документи за утврдување на идентитетот (лична карта или пасош).

Рангирањето на кандидатите го врши Конкурсната комисија. Услов за рангирање и  избор на кандидатите за прием на Академијата се освоени најмалку 60 поени, добиени по сите основи, од можните 100 поени.

Во рок од 24 часа по реализација на проверките на физичката подготвеност, Конкурсната комисија изготвува и објавува на огласната табла и на веб страницата на Академијата прелиминарна ранг-листа на добиените резултати за кандидатите за запишување на прв циклус на студии на Академијата.

Во прелиминарната ранг-листа се истакнува бројот на поени од средното образование (среден успех), бројот на поени од спроведените приемни испити по математика и англиски јазик, бројот на поени од проверка на физичката подготвеност и вкупниот број поени за секој кандидат.

На прелиминарната ранг-листа, кандидатот има право на приговор до Деканатската управа на Академијата преку Конкурсната комисија, во рок од 24 часа од нејзиното објавување. Приговорот се доставува лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб. или електронски до Академијата на електронската пошта: upisi_va@mod.gov.mk

Одлуките по приговорите се објавуваат на огласната табла и на веб страницата на Академијата, во рок од 24 часа од истекување на рокот за поднесување приговори.

Одлуката на Управата на Академијата по приговорите е конечна, по што Конкурсната комисија ја објавува конечната ранг-листа на огласната табла и на веб страницата на Академијата.

Во случај да нема поднесени приговори, прелиминарната ранг-листа станува конечна по истекување на рокот за поднесување приговори.

Во случај два или повеќе кандидати да имаат еднаков број поени и да не може да се изврши избор на предвидениот број кандидати за прием на Академијата, предност при изборот ќе имаат кандидатите-добитници на награди и признанија на државни и на меѓународни натпревари во области значајни за соодветната студиска програма. Видот и соодветноста на наградите и на признанијата ги утврдува Конкурсната комисија.

По објавување на конечната ранг-листа, Наставно-научниот совет на Акаде­ми­јата, донесува предлог-мислење за истата и го доставува до министерката за одбрана, која донесува конечно решение за прием на кандидатите од листата.

РОКОВИ

Заинтересираните кандидати за упис на Воената академија за учебната 2020/2021 година може да се пријават во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. ,,Васко Карангелески“ бб. или електронски до Академијата на електронската пошта: upisi_va@mod.gov.mk на првиот пријавен рок во деновите 05; 06 и 07.08.2020 година, во време од 08,30 до 16,30 часот. Доколку во првиот пријавен рок не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организира втор уписен рок на ден 04.09.2020 година, во време од 08,30 до 16,30 часот и доколку повторно не бидат примени кандидати во предвидениот број, Воената академија ќе организира и трет уписен рок на 18.09.2020 година, во време од 08,30 до 16,30 часот.

По утврдувањето на пријавните листи, пријавените кандидати што ги исполнуваат условите од конкурсот ќе бидат повикани за утврдување на психофизичката способност, физичката подготвеност и за полагање на приемните испити по математика и англиски јазик.

ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КОНКУРСОТ

Кандидатите треба да ги поднесат следниве документи:

  • пријавен лист, што се добива во Воената академија или може да се симне од следниот линк http://www.ma.edu.mk/?page_id=172
  • свидетелства за сите четири години од средното образование;
  • диплома за завршено средно образование за кандидатите/ученици од завршните години на образованието во учебната 2019/2020, односно документ за завршена државна матура за кандидатите/ученици кои положиле државна матура во предходните учебни години;
  • уверение за државјанство;
  • извод од матичната книга на родени;
  • уверение од надлежен орган за неизречена мерка на безбедносна забрана за вршење професија, дејност или должност и
  • потврда од матичен лекар за здравствената состојба на кандидатот.

Кандидатите државјани на Република Северна Македонија што средното образование или што дел од средното образование го завршиле во странство треба да достават документ издаден од надлежно министерство за нострификација на свидетелства за сите години, за дел од годините што ги завршиле во странство или диплома за завршено средно образование добиена во странство.

Документите за пријавување на конкурсот кандидатите треба да ги достават лично во деловодството на Воената академија во Скопје на ул. „Васко Карангелески“ бб. или електронски до Академијата на електронската пошта: upisi_va@mod.gov.mk.

Кандидатот е должен сите горенаведени документи во оригинал да ги достави до Воената академијаза време на спроведување на писмените испити/проверки на Воената академија. Краен рок за доставување на оригиналната документација е спроведувањето на проверката на физичка подготвеност, што е последна проверка која ќе се реализира со кандидатот, пред објавување на прелиминарната листа.

ШКОЛУВАЊЕ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА СТУДЕНТИТЕ

Кандидатите што се пријавиле за прв циклус на студии за потребите на Министерството за одбрана, односно за Армијата на Република Северна Македонија по запишувањето на студиите се стекнуваат со статус студент/питомец.

За време на школувањето на студентите/питомци им се обезбедува: интернатско сместување, исхрана, униформа, долна облека и обувки, учебници и други предмети и помагала потребни за студирањето, без надомест, здравствено и инвалидско осигурување, месечни примања за подмирување на најнеопходните лични потреби, патни трошоци за доаѓање на Академијата и враќање на почетокот и крајот на секоја учебна година и при школскиот распуст, како и патни трошоци за упатување на пракса од Воената академијата.

Посебните права и обврски меѓу студентите/питомци и Воената академија се уредуваат со договор во согласност со Законот за Воена академија и Статутот на Воената академија.

По завршувањето на школувањето студентите/питомци се произведуваат во чин потпоручник од соодветен род и се примаат на служба во Армијата на Република Северна Македонија, односно на работа во Министерството за одбрана.

Со почит,

ВОЕНА АКАДЕМИЈА