Медицинска евакуација во операции за поддршка на мирот – Летен Кампус 2016

Во рамки на “Летниот кампус 2016 “, покрај општата воено-тактичка обука,важен дел завзема и медицинската обука.
Теоретскиот и практичниот дел од наставата го одржаа високо-обучени инструктори пвод.1класа Јулија Орловска Спасовска и пвод1класа Милена Маџовска од” Регионалниот медицински тренинг центар” при Воено-медицински центар-Скопје. На обуката присуствуваа 40 питомци,поделени во три групи од различни земји САД, Велика Британија, Турција, Италија, Словенија, Романија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија.Сите слушатели обуката ја проследија со голем интерес и земаа учество во практичната работа,но дел од нив кои највеќе се истакнаа ќе бидат одредени во улога на животоспасувачи на завршната вежба.
Темите што беа обработени за време на обуката во период од 8 до 12 јули се:
- Hemostasis (Хемостаза)
-Bullet wounds (Воена рана)
-CPR / Cardio pulmonary resustation( Кардио пулмонална реанимација)
-Immobilization (Имобилизација на екстремитети)
-Stiffneck and longboard (Имобилизација на врат и кичма)
-Evacuation, Medevac (Евакуација, Медевак)
Се ова освен што ќе ја збогатат програмата на Летниот кампус, исто така ќе биде убаво искуство за стекнување на нови техники и вештини кои ќе им користат во понатамошниот работен век на питомците.