Обука за односи со јавноста во рамките на “Летниот кампус 2016″

Мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста ја спреведе работилницата”Работата со медиумите” во рамките на Летниот Kампус 2016 во периодот од 7 до 13 јули 2016 година.Вклучени беа вкупно 13 питомци од Босна и Хецеговина, Бугарија, Албанија, Словачка, Романија и Македонија учествуваа во оваа мултинационална активност и се запознаа со најважните теми од областа на односите со јавноста.
Практичните вежби за комуникациски вештини и медиа тренинг беа централниот дел на работилницата,со посебен акцент на темата за организација и одржување на прес конференцијата,што исто така беше дел од финалната вежба на Летниот Кампус 2016.
Ова е четврто учество на мобилниот медиа тренинг тим на Регионалниот центар за односи со јавноста во рамките на Летниот Kампус.
Летниот Kампус 2016 е седмиот по ред мултинационален безбедносен проект за високо образование во организација на Воена академија “Генерал Михаило Апостолски” со учество на 13 земји: САД, Велика Британија, Турција, Италија, Словенија, Романија, Албанија, Словачка, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Косово и Македонија