ОГЛАС за Еразмус + КА1 мобилност на студентите – питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во академската година 2019/2020

Во рамките на Еразмус+ програмата – клучни активности 1 (MK Skopje 20) Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, на ден 26.06.2019 година го објавува ОГЛАСОТ за доделување на финансиски средства на студентите за мобилност со цел престој во странство согласно програмата КА1 – клучна активност 1 во делот за „стручни обуки за практиканти и студенти“ во програмата 2019/2020 за периодот најрано од 20.07.2019 година до најдоцна 20.11.2019 година.

Целта на престојот во странство е стручна пракса.

Основната цел на Еразмус+ студиската пракса е стекнување на практични знаења од областа на заштитата и спасувањето и кризниот менаџмент, како и со барањата за стручност на пазарот на труд во земјите на Европската унија, стекнување на специфични знаења и вештини во практичната работа, подобро разбирање на различните видови и методологии на активност кај другите сродни институции во државите членки на Европската унија и воспоставување на почетни професионални контакти низ работно искуство.

На огласот можат да се пријават сите студенти и питомци на Воената академија од втора, трета и четврта година на прв циклус студии.

-Временски период за реализација на мобилностите за стручна пракса: од 20.07.2019 до 20.11.2019 година

-Временски период за реализација на целосните мобилности по основ на КА1 програмата: 01.06.2019 година до 30.09.2020 година

Мобилноста со цел остварување на стручна пракса возможно е да се реализира во Република Хрватска (Регионален центар за заштита и спасување-Осијек) – 2 (две) места и во Република Словачка (Општински уред-канцеларија за заштита и спасување-Поважка Бистирца) – 3 (три) места.

Предуслов за реализацијата на мобилностите за стручната пракса е склучен договор со наведените организации за извршување на стручна пракса во кои студентите (питомците) ќе извршуваат стручна пракса.

-Должината на извршувањето на стручната пракса е најмалку 2 месеци, а најмногу 3 месеци.

-Износот на финансиските средства за поддршка на студентите кои ќе одат на реализација на стручната пракса зависи од предвидените средства за државата во која одат на пракса и времетраењето на праксата, а студентите-питомците ќе го наведат во Прашалникот за пријавување на студенти-питомци.

-Документот Пријавен образец за студенти-питомци за пријава по огласот е задолжителен дел од Огласот.

Пријавата за мобилност (стручна пракса) на студентите-питомците треба да содржи:

  1. Пополнет Пријавен образец (може да се симне од страната на Воената академија)
  2. Копија од државјанство
  3. Потврда за статусот студент-питомец (од студентска служба)
  4. Препис од оценките за положени испити од моменталниот циклус на студии

Рок за пријава: 10.07.2019 година

Пријавните обрасци и со нив во прилог бараните документи да се достават преку деловодство на Воената академија со назнака:  До Еразмус+ канцеларија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје

На лично на Вонреден професор д-р Оливер Андонов и м-р Елена Трајановска, за Еразмус+ КА1 Оглас со рок 10.07.2019 година

Напомена: Неисправно пополнетите пријавни обрасци, непотпишаните пријави и пријавите со непотполна документација, како и оние доставено по завршувањето на рокот нема да бидат земени во пред вид за разгледување и ќе се сметаат за неважечки.

Обрасци за спроведување на мобилноста:

-Learning Agreement for Traineeships (Договор за учење со цел стручна пракса)

-Консултации за студентите и питомците во вторник од 09.00 до 10.30 часот во канцеларијата на Еразмус координаторот вонреден проф.д-р Оливер Андонов или кај заменик координаторот м-р Елена Трајановска.

Огласот е објавен на ден: 01.07.2019 година

Огласот трае: 8 (осум) работни дена започнувајќи од 02.07.2019 година

Напомена: Во врска со огласот и програмата за мобилност за академската 2019/2020 презентација ќе се одржи на 02.07.2019 година (вторник) со почеток во 09.00 часот во сината сала на Воената академија.