ОГЛАС за Еразмус + КА1 мобилност на студентите – питомците од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје, во академската година 2019/2020

Во рамките на Еразмус+ програмата – клучни активности 1 (MK Skopje 20) и аплокацијата број 2019-1-МК01-КА103-060016, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, на ден 02.07.2019 година го објавува ОГЛАСОТ за доделување на финансиски средства на студентите за мобилност со цел престој во странство согласно програмата КА1 – клучна активност 1 во делот за „студентска мобилност“ во програмата 2019/2020 за периодот најрано од 01.10.2019 година до најдоцна 28.02.2020 година, односно за зимскиот семестар во академската 2019-2020 година.

 Целта на престојот во странство е студентска мобилност.

Основната цел на Еразмус+ студиската мобилност е стекнување на практични знаења од областа на студиите, како и осознавање на работата на други универзитети, воени академии и високошколски установи во Европската унија, стекнување на нови знаења, размена на контакти и поврзување со студентите од други универзитети.

 На огласот можат да се пријават сите студенти и питомци на Воената академија од втора, трета и четврта година на прв циклус студии кои ќе студираат во академската 2019-2020 година.

-Временски период за реализација на мобилностите за студенти: од 01.10.2019 до 28.02.2020 година

-Временски период за реализација на целосните мобилности по основ на КА1 програмата: 01.06.2019 година до 30.09.2020 година

Мобилноста со цел остварување на студентски мобилности и размена возможно е да се реализира во Република Австрија (Воената академија на Република Австрија) – 2 (две) места.

Предуслов за реализацијата на мобилностите за студенти е склучен договор со наведената високошколска установа во која питомците (студентите) ќе ја реализираат мобилноста.

-Должината на извршувањето на студентската мобилност е најмалку 2 месеци, а најмногу 5 месеци.

-Износот на финансиските средства за поддршка на питомците-студентите кои ќе одат на реализација на студентската мобилност зависи од предвидените средства за државата во која одат на мобилност и времетраењето на мобилноста, а питомците-студентите ќе го наведат во Прашалникот за пријавување на студенти-питомци.

-Документот Пријавен образец за питомци-студенти за пријава по огласот е задолжителен дел од Огласот.

Пријавата за мобилност (стручна пракса) на студентите-питомците треба да содржи:

  1. Пополнет Пријавен образец (може да се симне од страната на Воената академија)
  2. Копија од државјанство
  3. Потврда за статусот студент-питомец (од студентска служба)
  4. Препис од оценките за положени испити од моменталниот циклус на студии
  5. Копија од важечка патна исправа (пасош)

Рок за пријава: 08.07.2019 година

Пријавните обрасци и со нив во прилог бараните документи да се достават преку деловодство на Воената академија со назнака:

 До Еразмус+ канцеларија на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје

На лично на Вонреден професор д-р Оливер Андонов и м-р Елена Трајановска, за Еразмус+ КА1 Оглас со рок 08.07.2019 година

 -Напомена: Неисправно пополнетите пријавни обрасци, непотпишаните пријави и пријавите со непотполна документација, како и оние доставено по завршувањето на рокот нема да бидат земени во пред вид за разгледување и ќе се сметаат за неважечки.

Обрасци за спроведување на мобилноста:

-Learning Agreement for Studies (Договор за учење со цел студирање)

-Консултации за студентите и питомците секој вторник од 09.00 до 10.30 часот во канцеларијата на Еразмус координаторот вонреден проф.д-р Оливер Андонов или кај заменик координаторот м-р Елена Трајановска.

Огласот е објавен на ден: 02.07.2019 година

Огласот трае: 7 (седум) дена започнувајќи од 02.07.2019 година