Одржана работилница на тема „Методологија за употребата на напредното далечинско учење“ реализирана од претставници на НАТО ДЕЕП тимот

Во период 11.06 – 13.06.2018 година беше одржана тродневна работилница за Методологија на употребата на напредното далечинско учење во секојдневниот процес на едукација на Воената академија.

Rаботилницата ја водеа тројца претставници од НАТО ДЕЕП кои се сертифицирани обучувачи за делот на е-учење, а воедно се дел од „Cuiavian“ универзитетот од Полска.

За време на работилницата, од страна на НАТО ДЕЕП претставниците беше презентирана MOODLE платформата како и ILIAS и која е официјална платформа за Е-учење во НАТО. Презентацијата опфати демонстрација на карактеристиките и можностите на платформата, презентација на курсеви кои што тие ги имаат развиено,  начинот на кој што се користи системот во НАТО, како и можноста на мигрирање и користење на курсеви што постојат на НАТО серверите.

Од страна на Воената академија беше презентирана  МООДЛЕ базираната платформа која што се користи од страна на професорите, како и питомците/студентите

По завршување на презентациите, а врз основа на развиените дискусии за време на работилницата, беа дефинирани понатамошните чекори во соработката на експертите и вработените во Воената академија.