Одржана работилница на тема „Образование на возрасни и методологии на предавање“ од страна на претставници на програма на НАТО за унапредување на образованието во одбраната – NATO DEEP

Во период 12.02. – 16.02.2018 година, со цел подобрување на едукативниот процес во Воената академија, беше одржана петдневна работилница на тема  „Образование на возрасни и методологии на предавање“.

Работилницата беше организирана во рамките на отпочнатиот проект на Воената академија со НАТО Програмата за подобрување на образованието во одбраната (DEEP), а за таа цел од страна на DEEP беа ангажирани двајца експерти, по еден од САД и од Р. Хрватска, кои се сертифицирани обучувачи за образование на возрасни и методологија за предавање.

Програмата за работилницата им овозможи на воените и цивилните професори од Воената академија да дискутираат и да размислуваат за принципите и техниките за учење на возрасните (андрагогија, активно учење, стилови на учење, центричко учење, критичко размислување и Блумова таксономија). За време на програмата на работилницата беа спроведени многу панели, дебати, игри, методи со случај и играње улоги со цел да се проверат методите на активно учење кои се презентираа во текот на неделата.

По завршување на работилницата, а врз основа на развиените дискусии за време на работилницата, беа дефинирани понатамошните чекори на соработката помеѓу експертите и вработените во Воената академија. Согласно договореното, во идниот период е планирано да се реализираат дополнителни работилници и обуки согласно искажаните потребите од страна на наставниот кадар на Воената академија.