Одржана работилница на тема „Проценка и евалуација на наставата и наставниот процес“ од страна на претставници на програма на НАТО за унапредување на образованието во одбраната – NATO DEEP

Во период 16.04. – 20.04.2018 година, со цел подобрување на едукативниот процес во Воената академија, беше одржана петдневна работилница на тема „ ПРОЦЕНКА И ЕВАЛУАЦИЈА НА НАСТАВАТА И НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС “.

Работилницата беше продолжение на претходната работилница која се одржа во Март 2018 година на тема „ Развој на наставни програми“, и истата е организирана во рамките на отпочнатиот проект на Воената академија со НАТО Програмата за подобрување на образованието во одбраната (DEEP), а за таа цел од страна на DEEP беа ангажирани двајца експерти, по еден од САД и од Р. Хрватска, кои се сертифицирани обучувачи за образование на возрасни и методологија за предавање.

Програмата за работилницата им овозможи на воените и цивилните професори од Воената академија да дискутираат и да размислуваат за принципите и техниките за развој на наставните програми и ги опфати следниве теми:
• Панел Дискусија – Силабуси –Цел и Перспективи;
• Мозочни правила;
• Future War – пристап за активно учење;
• Компјутерски базирани инструкиции;
• Модели за оценување и методи за алтернативна проценка;
• Алатки за оценување и техники за оценување на наставата (CAT);
• Методи за фидбек;
• Алатки за проценка (Rubric);
• Проценување есеи и дискусија;
• Евалуациско модел и теорија;
• Алатки за евалуација – пример за Mini PIC;
• Евалуациски процес;
• Валидација.

На крај од работилницата, беше направена проценка на сите три работилници и предлози за планирање за идните иницијативи на соработка.