Реализиран четвртиот модуларен курс против ширењето на говор на омраза

На ден 17.04.2019 година, во рамки на четвртиот модуларен курс против ширењето на говор на омраза на Воената академија “Генерал Михаило Апостолски” се одржа третиот модул од интерактивниот тренинг курс против говорот на омраза.

Темата за овој модул беше со наслов: “Стоп на верскиот екстремизам, радикализација, насилство, тероризам – одговорени и недоговорени прашања” каде што предавач на истиот беше проф. д-р Ненад Танески, Раководител на Катедрата за воени науки и вештини на Воената академија “Генерал Михаило Апостполски” – Скопје.

Проектот се реализира од страна на Зружението АЈНШТАЈН и истиот е финансиран од Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија.