Отворање на вториот курс во областа на сајбер безбедност во рамките на НАТО програмата Наука за мир и безбедност

На 1. јуни 2020, Воената академија, заедно со НАТО школото од Оберамерменду (NSO) и поморското постдипломско училиште (NPS) од Монтереј, САД, официјално го отворија вториот десетнеделен „Курс за проценка на ранливост на мрежите и намалување на ризици“ М6-109, организиран во рамките на НАТО програма за наука за мир и безбедност (SPS). Активноста е спонзорирана од НАТО програмата Наука за мир и безбедност (SPS) и Министерството за одбрана, а Ко-директори на курсевите се проф. д-р Митко Богданоски, полковник од Воената Академија и CDR Paolo Carcavallo, од НАТО школото од Оберамергау. Директнор на овој курс од страна на NPS е Лилиана Сербан. Поради ситуацијата со COVID-19, првите девет недели на курсот ќе бидат спроведени онлајн.

На овој курс претходеше напреден курс за „Мрежна безбедност“ M6-108, кој исто така беше во период од десет недели (јануари-април 2020 година), и кој успешно го завршија 31 кандидат од различни институции (МО, МВР, МИОА, МНР, МКД-ЦИРТ, АНБ, ДБКИ).

Untitled-1

Полковник Брајан Хил, USA-AF, декан во NSO, започна со потенцирање на навременоста на овој курс: „Она што ќе го сработите во текот на следните десет недели никогаш не била поважно и посуштинско, бидејќи градењето еластичност во сајбер доменот е предност на нашата сегашна ситуација, во период кога НАТО се ангажира во борбата против глобалната пандемија; дополнително, на нашата Алијанса и е потребна ваша експертиза за да се спротивставиме на дезинформациите и пропагандата што произлегуваат од нејзините противници. Ние сме убедени дека на крајот на курсот ќе бидете поподготвени за да ги поддржите овие напори.”

CDR Паоло Каркалало, USA-N, ко-директор на оваа активност додаде: „Во изминатите неколку недели бевме сведоци на злонамерни сајбер-активности што сакаат да ги искористат новите начини на кои ги реализираме нашите активност. Заканите во сајбер просторот кон Алијансата и нашите нации ќе продолжат и овој курс ќе ве научи како да ги заштитите сајбер-мрежите од злонамерни активности и како подобро да послужите во првите редови на сајбер-одбраната “.

Полковник проф. д-р. Митко Богданоски, продекан на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и ко-директор активноста, на крајот на отворањето на курсот додаде: „Обуката на клучниот персонал од различни институции од државата, преку реализирање на овие две високо-стручни обуки, е од клучно значење за справување со овие предизвици како за нашата земја, така и за Алијанса. Се надевам дека на крајот на овој курс, не само што ќе се здобиете со соодветни НАТО и CEH (Certified Ethical Hacker) сертификати, туку и реално ќе го проширите вашето знаење и ќе бидеме подготвени да одговориме на евентуални сајбер закани, посебно сега кога наша обврска не е да го чуваме само нашиот сајбер простор, туку и сајбер просторот на нашите НАТО сојузници“.