Посета на Началникот на Генералштабот на Армијата на Црна Гора на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, Република Македонија

На ден 8 ноември 2017 година, Началникот на Генералштабот на Војската на Црна Гора бригаден генерал Илија Даковиќ ја посети Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје.

IMG_20171108_165419Од страна на високиот претставник беше искажана благодарност за можноста за школување на питомци од Црна Гора на нашата Академија, задоволство од квалитетот на досега дипломираните и промовирани млади офицери, како и намера овој вид на соработка да продолжи со истиот интензитет и во иднина.

Деканот на Воената академија, проф. д-р Орце Поповски, полковник го истакна задоволството од досегашната соработка во областа на високото образование и се заблагодари што Република Црна Гора ја избра Воената академија за школување на своите идни офицери, со што Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ доби можност да се промовира и етаблира како високообразовна институција од регионален карактер.

Исто така, тој нагласи дека Воената академија во рамките на своите можности ќе вложува во подигнувањето на стандардите и квалитетот на обрзовниот процес следејќи ги модерните трендови на полето на одрбаната и безбедноста во земјите членки на НАТО.