Почетен состанок за тригодишниот проект на Воената академија – SETOFF

Воената академија започна со реализација на проектот Smart Education and Training PrOgram For central and local government servants: Embrace vulnerability as our greatest and innovative tools For risk management – SETOFF (2021-1-ЕЛО1-КА220-ВЕТ-00003026) со одржувањето на првиот состанок на 26 и 27 мај 2022 година во Солун, Грција.

Главнaта цел на проектот е подобрување на подготвеноста и безбедноста при работа на секторите за управување со кризи и заштита и спасување, како и вклучување на приватниот сектор во процесот на справување со идните кризи и итни случаи преку развој на иновативна наставна програма за е-обуки базирана на успешно тестиран и имплементиран модел на симулација во комбинација со најновите научни сознанија и сеопфатна анализа на потребите за обука и едукација.

На дводневниот состанок беа присутни 20 претставници од партнерските институции од Северна Македонија, Грција, Белгија и Шпанија и за време на истиот разгледани главните проектни задачи и беше потврден планот за успешна реализација на проектните цели.

Воената академија има важна улога во реализацијата на проектот SETOFF, каде во голема мера ќе може да го примени знаењето и искуството во создавањето и користењето на електронски платформи за учење, како и во областа на создавање на ефективни наставни програми за асинхроно електронско учење.