Прва медицинска помош и медицинска евакуација во операции за поддршка на мирот – Летен Кампус 2018

Во рамки на “Летниот кампус 2018 “, покрај општата воено-тактичка обука,важен дел завзема и медицинската обука.

Теоретскиот и практичниот дел од наставата го одржаа високо-обучени инструктори наредник Анета Петрушова и пвод1класа Африм Арнори од” Регионалниот медицински тренинг центар” при Воено-медицински центар-Скопје. На обуката присуствуваа 17 питомци, од различни земји Австрија, Германија, Романија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово и Македонија. Сите слушатели обуката ја проследија со голем интерес и земаа учество во практичната работа,но дел од нив кои највеќе се истакнаа ќе бидат одредени во улога на животоспасувачи на завршната вежба.

Темите што беа обработени за време на обуката во период од 2 до 5 јули се:

  • Hemostasis (Хемостаза)
  • Bullet wounds (Воена рана)
  • CPR / Cardio pulmonary resustation( Кардио пулмонална реанимација)
  • Изгореници
  • Шок
  • AED/Automatic external defebrilator (автоматски надворешен дефибрилатор)
  • Immobilization (Имобилизација на екстремитети)
  • Stiffneck and longboard (Имобилизација на врат и рбетен столб)
  • Evacuation, Medevac (Евакуација, Медевак)

Се ова освен што ќе ја збогати програмата на Летниот кампус, исто така е корисно искуство за стекнување на нови техники и вештини кои ќе им послужат во понатамошниот работен век на питомците – идни офицери.