Предавање од проф. д-р Хозе Караско (Шпанија) на тема „Поврзаноста на стабилноста на валутата со светскиот мир“

На 19 ноември 2018 година проф. д-р Хосе Караско – професор на Кралскиот државен Универзитет (King Juan Carlos University) на Катедрата за економија во Мадрид, Шпанија одржа предавање на тема „Поврзаноста на стабилноста на валутата со светскиот мир“ пред наставниот кадар и питомците/слушателите на Воената академија.

Во своето предавање проф. Караско направи паралела кои финансиски нестабилности влијаеле на почетокот на светските војни и како во денешен ден се решаваат проблемите за да не дојде до инфлација која би била една од основите на поголем воен конфликт.

Самиот професор и примери кои ги вметна во своето добро концептираното предавање допринесоа за големо внимание од слушателите како и многу дополнителни прашања и дискусија по завршетокот на предавањето.

Кратка биографија на проф. Караско

Тој е професор на Кралскиот државен Универзитет (King Juan Carlos University) на Катедрата за економија во Мадрид, Шпанија. Каде предава на додипломски и последипломски студии предмети од областа на Макроекономијата, Економија на парични средства, Банкарство и Финансиски пазари.

Има три магистратури од едната од нив е од областа на квантитативната економија (со билингвална меѓународна докторска програма) на Универзитетот де Аликанте во Шпанија и Виенскиот Универзитет.

Покрај завршените докторски студии на Кралскиот Универзитет (King Juan Carlos University) во Мадрид, Шпанија. Професорот д-р Хозе Караско има завршено постдокторски студии на Харвард на Катедрата за економија на Универзитетот Харвард, (Кембриџ, Масачусетс, САД)

Во текот на неговата професионална кариера бил ангажиран како експерт и истражувач во повеќе меѓународни организации и светски универзитетски центри и во моментов е супервизор на Енрике Реинг (Банка на Шпанија).

Добитник е на голем број на награди и стипендии за посети истражувачки престој во многу реномирани светски универзитетски центри, а воедно е и рецензент на 11 реномирани меѓународни научни списанија од областа на економијата.

Покрај богатата академска кариера, важно е да се напомене дека по завршувањето на Основна обука за резервни офицери, во Кадиз Шпанија, во Јуни 2007 бил промовиран во (резервен офицер – потпоручник во Армијата на Шпанија, а во Јануари 2014 е унапреден во чин поручник од резервниот состав.

Во својата кариера како резервен офицер извршувал повеќе должности како CIMIC офицер во Валенсија, по што продолжува да работи во Штабот на копнена војска и Генералштабот за одбрана во Мадрид, Шпанија.

Исто така, важно е да се напомене дека од 2012 година, проф. Караско има Магистратура во областа на национална одбрана, Кралскиот Универзитет (King Carlos University), Мадрид, Шпанија, а воедно е и советник-консултант во МО, при Владата на Шпанија за геополитичките економски проблеми во земјите на Африка и Среден Исток.