Предизвик за иновации на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, и Иновацискиот центар на Здружената Командата за Трансформации на НАТО од Норфолк, Вирџинија.

Banner 2

Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје во соработка со Иновацискиот центар на Здружената Командата за Трансформации на НАТО од Норфолк, Вирџинија, објави натпревар за најдобро иновативно решение кое може да ја подобри работата на НАТО. Овој натпревар претставува предизвик за заинтересираните учесници да понудат и презентираат свои концепти за иновативни решенија на модерните проблеми со кои се соочува НАТО.

Линк до објавата: https://www.innovationhub-act.org/challenge-intro

Предизвикот за иновации на НАТО објавен во соработка со Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје и Центарот за иновации на НАТО претставува повик за иновативни решенија за идентификација, предупредување, проценка и управување со биолошки закани за заштита на силите на НАТО, сојузниците и цивилното население.

Темата на предизвикот за иновации е поврзана со појавувањето на заразните биолошки агенти, на чие појавување обично му претходат инциденти кои можат да се намерно предизвикани, а истите може да се резултат и на природни несреќи и мутации. Актуелноста на темата за био-одговор од секогаш била огромна, а нејзината важност е само засилена со пандемијата на КОВИД-19, која во огромна мера ја загрози глобалната економија, што е повеќе од евидентно во последните две години.

Кандидатите кои се заинтересирани за учество во предизвикот може да се пријават на официјалната веб страница на Центарот за иновации на НАТО до 27 мај, 2022 година и да достават апстракти до 28 мај, 2022 година. На 28 јуни, 2022 година планирана е официјалната презентација на иновациските решенија и доделување на наградите.

Линк до објавата: https://www.innovationhub-act.org/challenge-intro

Предизвикот за иновации на НАТО нуди учество на сите заинтересирани субјекти од системот на одбрана и поврзаните институции како и на приватните компании и невладиниот сектор од Република Северна Македонија, но и од сите земји во светот. Победниците на предизвикот ќе имаат можност да ја подобрат својата видливост, како и да учествуваат во развивање на идни концепти, доктрини, стандарди, барања и развој на капацитети на НАТО, а исто така за првите три кандидати предвидена е и парична награда.