Продолжува соработката со НАТО ДЕЕП во делот за Е-учење

Во периодот 16.03.-20.03.2018 година, во Краков и Нови Тарг во Р.Полска беше организиран курс за администрирање на платформата за електронско учење ИЛИАС.

Курсот беше организиран во рамките на Проектот за унапредување на образованието во одбранбениот сектор (НАТО DEEP), а ангажирани експерти од страна на НАТО DEEP кои се сертифицирани обучувачи за делот на е-учење и ИЛИАС платформата, а воедно се дел од „Cuiavian“ универзитетот од Полска.

Овој курс е прв од серијата активности планирани за 2018 година во делот за е-учење, поврзан со процесот за имплементацијата на ИЛИАС платформата во ВА. Главната цел на курсот беше запознавање со администрацијата на платформата.

За време на сесиите, експертите од НАТО се фокусирааа на конфигурацијата на платформата и активностите / опциите кои ги нуди административниот панел во платформата. Курсот се спроведе паралелно на две инсталации на ИЛИАС (платформа за тестирање на инсталирана на Windows сервер лоциран во Воената академија и платформа инсталирана Центарот за електронско учење на при Cuiavian University во Wloclawek од Р. Полска).

По завршување на обуката, а врз основа на предтходните дискусии, следниот настан е работилница за методолошки и технолошки пристапи во користење на ИЛИАС платформата на професорско ниво (закажано за јуни), со напомена да се рагледа можноста за вклучување на претставници од Секторот за образование и обука при МО и учесниците од АРМ, со цел проширување на употребата на ИЛИАС во МО и во АРМ.