Проектна активност-Обука на обучувачи во рамки на ERASMUS+ проектот PREDICT

Во период од 03.04. до 10.04.2022 година претставници на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“-Скопје учествуваа во проектната активност-Обука на обучувачи во рамки на ERASMUS+ проектот PREDICT (Prevention of Disaster ICT).

Обуката се одржа во Софија, Република Бугарија во организација на Directorate-General Fire Safety and Civil Protection, партнерска институција во проектот.

На обуката учествуваа и претставници од другите партнерски институции: IT SOLUTION FOR ALL од Малага, Шпанија; ДЦОР „Партение Зографски“ од Скопје, Република Северна Македонија и ОУ „Стив Наумов од Скопје, Република Северна Македонија.