Работилница на работната група на НАТО за индивидуална обука и развој на образованието (NTG IT&ED) во Република Босна и Херцеговина

Во период од 22 мај до 27-ми мај 2022 година во Сараево, Република Босна и Херцеговина се реализираше работилница на работната група на НАТО за индивидуална обука и развој на образованието (NTGTG IT&ED).
Претседавач на НАТО групата за обука беше раководителот на одделението за технологии за образование и обука на сојузничката команда на НАТО за трансформација, г-дин Пол Туркетл, а копретседавач беше директорот на Иницијативата за напредно далечинско учење на САД, д-р Сае Шатз. Целта на Групата е да го подобри професионализмот, интероперабилноста и стандардизацијата меѓу силите на Алијансата и партнерите преку подобрена координација на образование, обука, вежби и евалуација на стекнатите знаења.

Агендата на тематските целини кои се спроведоа на оваа работилница се базираа на:
- НАТО капацитети за напредно далечинско учење (NATO ADL capabilities Survey);
- НАТО речник на термини за информатички технологии во образование и обука (NATO ADL Glossary of IT&ED terms);
- Работа во синдикални групи во насока на подобрување на СТАНАГ 2591 кои се однесува на напредно далечнинско учење (NATO Stanag 2591 for ADL);
- Споделување и развојна евалуација на он-лајн курсеви на НАТО
- Подобрување на глава 6, 7 и 9 од НАТО прирачникот за напредно далечниско учење;
- Споделување на современи он-лајн модели и информатички алатки за подобрување на сеопфатната ефикасност на современите наставници;
- Запознавање и анализа на xAPI он-лајн софтверот за напредно учење;
- Разгледување на иницијативата на генералниот секретар на НАТО за 2030 година за оперативните можности, капацитети и способности на вештачката интелегенција и машинското учење во целосно подобрување на обуката и образованието;
- Напредно далечинско учење за време на војни (ADL in Warfare);
- Сеопфатни можности на НАТО платформата DEEP DIVE и платформата TRANSNET;
- Имплементација на информатички алатки и програми за подобрување на воените вештини во XXI-от век

Основните цели на НАТО групата за развој на обука и образование опфаќаат:
- Поддршка и спроведување на НАТО политики, директиви и стандарди за подобрување на обуката и образованието;
- Предлага и поддршува решенија за нови модели на обука и обрзование во насока на поддршка на операциите на НАТО;
- Разменува искуства и надобри практики помеѓу државите членки и партнери на НАТО;

На оваа работилница имаше преставници од следниве држави: Република Босна и Херцеговина, Чешка, Данска, Финска, Германија, Литванија, Холандија, Република Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Естонија, Италија, Украина, Обединетото кралство и САД. Држава домаќин на оваа работилница беше Република Босна и Херцеговина. Координатор на активноста од страна на земјата домаќин беше мајор Дарко Цигановиќ, кој истакна дека современата информатичка технологија несомнено е дел од нашето секојдневие и дека НАТО преку неа ја подобрува својата способност, ефикасност и интероперативност.

На крајот од работилницата, претседавачот на НАТО групата за развој на обука и образование, г-дин Пол Туркетл, направи целосна евалуација на досегашните активности и даде следни насоки во кој правец треба да се развиваат целите на групата.
Исто така посочи дека делегатите на оваа група работат посветено на нивните задачи за следната работилница која се планира во текот на месец септември 2022 година во Прага, Република Чешка.