Работна посета на Воената академија „Георги Стојков Раковски“ во Софија, Бугарија.

Во периодот од 22.01. до 25.01. 2018 година, претставници од Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје на чело со продеканот полк. д-р Елениор Николов, вон. проф., полк. д-р Славко Ангелевски, ред. проф. и полк. д-р Зоран Јовановски, вон. проф. реализираа работна посета на Воената академија „Георги Стојков Раковски“ во Софија, Бугарија. Домаќин на активноста беше продеканот на Воената академија „Георги Стојков Раковски“, полк. д-р Димитар Ташков, доцент и декан на Воен факултет при Воената академија „Георги Стојков Раковски“, полк. д-р Димитар Караџинов, доцент.

За време на посетата беше презентирана организацијата на наставниот процес, како запознавање со капацитетите на академијата од доменот за командно штабните должности и националната школа, управувањето со кризи и симулациските програми за поддршка на образованието и обуката. Во рамките на овој сегмент се разгледа можноста за учество во заеднички проекти како и размена на наставниот кадар и студенти преку Erasmus + програмата.

По традиција гостувањето заврши со размена на симболични подароци и заедничка фотографија пред споменикот на паднатите борци во кругот на Воената академија „Георги Стојков Раковски“