Работни состаноци со претставници од програмата на НАТО за унапредување на образованието во одбраната

Во период од 31.10.- 02.11.2017 година во просториите на Воената академија ќе се оддржат работни состаноци помеѓу претставници од НАТО програмата за унапредување на образованието DEEP и претставници од Воената академија и од Министерството за одбрана. Целта на посетата е да се утврдат можностите за унапредување на образовниот процес во Воената академија преку унапредување на предметните програми, начинот на евалуација, како и имплементирање на нова методологија која ќе обезбеди напредно учење со примена на најдобрите практики имплементирани во земјите членки на НАТО.

Ова е иницијална посета на која заеднички ќе бидат дефинирани потребите на Воената академија за подобрување на образовниот процес, по што ќе следи долгорочен проект со ангажман на еминентни експерти од познати универзитетит од држави членки на НАТО.