Реализан состанок со наслов „Годишен преглед на активностите од НАТО DEEP програмата во Р.Македонија“

Во период 27-28.11.2018 година, во просториите на Воената академија (ВА) беше реализиран состанок со наслов „Годишен преглед на активностите од НАТО DEEP програмата во Р.Македонија“. Посетата беше организирана во рамките на Проектот за унапредување на образованието во одбранбениот сектор.

На состанокот Деканот на ВА – проф. д-р Орце Поповски, полковник и продеканот д-р Митко Богданоски, вон.проф., полковник, дадоа краток осврт на сите 18 активноси кои се случија во текот на 2017 и 2018 година, истакнувајќи ја корисноста, апликативноста и подобрувањата кои настанаа после изведените обуки.

Откако беа детално разработени сите реализирани активности се направи начелен план на активности за 2019 година, со што соработката со НАТО DEEP програмата продолжува со уште позасилено темпо.

IMG_2855